Во нашите гушкања сме исти

Татко ми ме научи дека љубовта секогаш победува. Усвојувајќи ја таа програма погрешно, мислев дека мојата љубов може да го промени оној кој во себе нема љубов. Не се занесувајте со такви бајки. Ние често мислиме дека можеме да ги менуваме другите со својата љубов и давање. А посебно со давање преку својата мерка. Го даваме своето време, своето трпение, ентузијазам, страст, топлина, смиреност. Им угодуваме само другата страна да сфати колку вредиме. Погрешно.

Ако во нас нема љубов за нас, ние ги даваме нашите очекувања, а не вистинската љубов за која мојот татко зборуваше. Победува љубовта која е во нас, а не љубовта која произведува очекување. Таков вид на давање без мерка не’ одзема нас од нас самите и не’ исполнува со немање и оскудица. Не’ нема нас во нас. Тоа не е љубов која победува. Бидејќи мислиме дека ги дадовме сите делови од себе за малку нечија љубов која на крајот не ја добивме.

Но, во суштина нема љубов во нас за нас. Затоа мислиме ако дадеме многу, многу ќе ни вратат. Некој ќе ни даде орден. Нема. Ако чувствувате дека ви е потребен некој за кој е вредно да се живее, не го барајте, вие сте доволна причина. Вие сте она за што е вредно да се живее. Кога тоа ќе бидете, сите други ќе посакаат да живеат со вас.

А вие ќе ја знаете вашата мерка за давање. Тогаш важи она: ‘Се’ што ќе дадеш, ќе ти се врати’. Кога ја познавате својата мерка на давање, вие давате она што вие сте. Ќе ви се врати она што сте вие. Кога даваме од љубовта во себе, а не од потреба да бидеме сакани, љубовта може да победи.

Драгана Стоиќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: