Мажот (не) може да се промени поради љубовта

Позната е онаа теорија дека добрите жени се лепат за лоши мажи. И навистина, кога малку подобро ќе се загледате во луѓето околу себе, тоа е речиси вистина. Но, зошто? Зошто им е потребно да си прават себеси проблем од животот кога толку ‘добри’ мажи има околу нив?

Во нашата средина жената е сфатена нешто поинаку отколку во другите земји. Тоа едноставно е така, нашата култура, воспитанието и средината координира со такви работи. Жената овде расте жигосана како ‘помалку вредна’. Од мали нозе и’ се наметнува размислување кое одговара на таа средина, од мали нозе се учи како да му удоволи на мажот и се навикнува на тоа, секогаш повеќе да направи од својот брат.

‘Добрата’ жена цел живот била добра. Во нејзиниот живот недостасува возбуда, авантура, некоја опасност, било што само малку да и’ биде добро. Таа е уморна од тоа да биде добра, бидејќи поинаку не знае. Меѓутоа се случува тие жени да бидат многу наивни, па многу лесно можат да влезат во приказни кои не се вистински.

Маж како маж, во својот ментален склоп е таков каков што е. Намачкан со илјада бои и веќе искусен на тоа поле, тој знае што треба да прави со таква жена. Јасно му е дека таа е преуморна од се’ и дека и’ треба мотив во животот. Тој знае дека не е почитувана доволно и дека никој не работел ништо за да ја направи среќна. На таа карта игра. Ќе го ‘филува’ сето тоа, колку е посебна, како во животот не сретнал никој како неа. Можеби ќе оди толку далеку што ќе и’ се довери со некоја тајна која таа ќе ја чува како најголемо благо. Ќе и’ пишува пораки и ќе и’ посвети некоја песна.

И тоа ќе биде тоа, таа ќе се вљуби во зборовите и делата не насетувајќи каков човек ќе добие. Но, со тек на време тој ќе го покаже својот карактер. Таа за се’ ќе го правда и ќе наоѓа други причини. Тоа отприлика оди вака; тој нема да се јави а треба, ќе направи некој хаос, ќе го повиси тонот па дури и ќе удри, а таа ќе премолчи. Тоа е нејзина втора грешка, првата е што прифати таков човек. Таа сето тоа го трпи со надеж дека од лош ќе направи добар човек, од неверен- верен, од ‘расипан’- светец.

Но, таа не знае дека човек ако тоа не го сака, не може да се промени. Таа не знае дека тоа е работа на лична одлука и не знае дека тој ќе земе се’ што таа му нуди и ќе ја остави пуста и празна. Не знае дека е искористена или не сака тоа да го признае, бидеќи тоа значи дека поради него таа станува помалку вредна.

Постојат три можни решенија. Едниот е за жал најчест, мажот едноставно си оди откако ќе земе од неа се’ што ќе посака. Другото е таа да се сврти и да си оди како ништо да не се случило. Да ги промени своите ставови и размислувања и својот живот да го почне отпочеток, поинаква и повнимателна. И третата, најмалку можна е таков човек на крај да ја засака таа жена. И тоа е можно. Таквиот маж кој бил лош, па ја засакал добрата жена, сака најискрено од сите други заедно. Тоа е затоа што тој, таков каков што е, никогаш никој не засакал, никогаш не сакал, никогаш од никој не зависел и на никој не му се правдал. Меѓутоа тој пат до среќата е полн со трња и тежок.

извор: APortal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: