Не ја затворајте вратата на својата душа и срце, зошто толку се плашите? Што можете да изгубите?

Кажете ‘доста беше’ и вљубете се. Не се плашете да сакате. Бидете храбри, ризикувајте. Времето кое го живеете никогаш нема да се врати. Можеби со друго тело и друга душа, можеби во друг свет и на друг начин, но никогаш исто. Срцето треба силно да чука. Љубовта треба да ве исполни како морско ветре или силно сонце. Смејте се, скокајте, бидете среќни; среќни поради љубовта која затропа на вашата врата и ве дочека. Не ја затворајте вратата на својата душа и срце, зошто толку се плашите? Што можете да изгубите? Во овој живот ништо не е сигурно, само смртта. Бидете свесни за можните загуби кои ќе се случат. Откажете се од стравот од љубовта.

Зошто љубовта всушност те плаши? Кога забележувате како почнувате да се вљубувате, се повлекувате назад..Ја прекинувате врската и се чувствувате посмирено. Инаку, чувствувате паника со вртоглавица, мачнина, треперење. И тоа не можете да го поднесете. Можеби ова што ви се случува се нарекува филофобоја.

Тоа е страв од вљубување, кога личноста се обидува да има врска, па добива напади на паника и најчесто завршува со напуштање на партнерот. Филофобична личност чувствува силен страв да се вљуби и се повлекува назад. Чувствува како срцето прекумерно удира, се поти. Од таа причина, нормалната реакција е што побргу да се побегне од непријатната ситуација.

Овој страв е поврзан со минатите врски кои предизвикувале страдања и болка. Од таа причина, кога личноста ќе почувствува можност да ги искуси непријатните сензации, таа почнува да биде ранлива, ќе се ‘заглави’ и мора што побргу да побегне од врската, за да се заштити пред она што може да се претвори во ново разочарување.

Како да се ослободите од стравот од љубов? Пред се’, мора да прифатите што се случува: потребна ви е мотивација за излекување и помош од стручњак. И самите можете да се обидете да се изборите со стравот. Прво да се ослободите од изговорите.

Исто така треба да се обидете со следните чекори: Не преувеличувајте. Мора да се обрне внимание на навиката да ги разводнувате и да го зголемувате она што ви се случува. Применете ја емоционалната интелигенција. Знаењето и управувањето со нашите чувства, како и разбирање на емоциите на другите, можат да промовираат подобра контрола над вашите чувства и односи со другите. Размислете за најлошата работа која може да ви се случи ако ја изгубите љубовта. Разговор со најблиските за вашите стравови помогаат другите да ве разберат и да ви помогнат.

Извор:https://lamenteemeravigliosa.it/innamorarsi-senza-paura

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: