Бидете му партнер на својот партнер. Бидете сопатник, пријател. Бидејќи само соборец кој во сите битки оди и молчејќи се’ разбира, ништо не очекува

Од партнерот немој да бараш ништо повеќе освен да то биде партнер. Не барај тој да ти биде татко. Ниту брат. Ниту учител. Поклоник. Обожавател, ниту послушен слуга. Не барај Таа да ти биде мајка. Сестра. Спасител. Покорен следбеник. Светица, ниту грешница за сета твоја болка.

Се’ што во животот ти недостасуваше и не беше вистинско, не треба да очекуваш дека тој/таа ќе го исправи тоа. Премногу очекување е за една личност која има свој терет, свој багаж. Жено драга, исцели се себе и немој своите рани да ги проектираш на него. Раната е внатрешна, а тој само на неа ќе ти укажува. Мажи драги, исцелете го сите замерки кон жените кои ги имате, за да ја видите неа јасно, а не извалкана поради сите претходни болки и глупости.

Не е намерно ако некој на некого му ја открива смислата на животот или да биде голем мудрец. Не е намерно некому да му ја излечеме болката додека сами со себе се бориме. Здрава личност не гледа само процес на исцелување и не сака на другиот да му украде ниту ронка од откриената внатрешна сила која преку тоа исцелување се буди.

Во љубовта постоиш ти како Женски принциш и тој како Машки принцип. Ти треба да бидеш Жена а тој Маж. Не треба да го учиш како да стане или да биде поголем Маж. Не треба тој да ти укажува како да бидеш поженствена и самосвесна. Твојата задача е ти да се откриеш себе, а и тој себе.

Доволно е напорен сопствениот пат за да се грижите за патот на сопатникот. Само ревносно посветете се на своето исцелување и ќе ви се врати поздрав и вие нему поздрави, поцелосни. Полни а задоволни. Тогаш ќе имате што да дадете, а за возврат ништо да не’ барате.

Партнерскиот однос е како река. Треба да тече, да не се врзувате за стени само за да бидете еден покрај друг. Треба да пуштите реката да ве носи, а некогаш ќе се најдете во брзаци и лизгаво тло. Не се грижете да го изгубите него/ неа, водете сметка да не се изгубите себе.

И знајте, ако потполно се препуштите и се посветите на своето патување, исходот нема да се пропушти. Ќе завршите таму каде реката се влева во Океан. Во постоење и љубов. Во пространството на Бескрајот каде ќе сфатите дека Љубовта не водеше само кон Вас, туку кон се’.

Бидете партнер на својот партнер. Бидете сопатник, пријател. Бидејќи само соборец кој во сите битки оди и молчејќи се’ разбира, ништо не очекува. Само да ги почитува и да ги прифати, бидејќи и самиот знае низ што се човек поминува. Нека вашата внатрешна битка биде за Љубов. Во неа се’ ќе изгубите освен Неа самата.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: