Драги дами, бидете храбри и одберете се себе тогаш кога тој не ве бира вас

Многу од нас се нашле вo ситуација кога мажот на нашиот живот, ставен на тронот, не може да се одлучи и се однесува како да не знае што сака, кога не е верен, кога одбива да ви покаже во каков статус е вашата врска. И боли кога ќе сфатите дека не сте за него доволно добри и не можете ништо да направите за да се одлучи полесно.

Ваше е да не се гледате себе со негови очи и да научите да се почитувате. Сакајте се себе и покрај тоа што тој не ве сака и почитувајте се себе без оглед каков глупак ќе испадне на крајот. Изберете ја својата среќа, фокусирајте се на својот живот наместо да губите време на некој кој не може да се одлучи.

Важно е да имате убав однос со некој, но уште повеќе е важно да имате добар однос сами со себе. Вие сте единствена личност на која можете да се потпрете во животот и која секогаш ќе биде на вашата страна. Престанете да го давате своето време на некој кој не го заслужува и престанете да се трудите за врска која е осудена на пропаст.

Престанете да давате втори шанси. Почнете да се однесувате онака како што очекувате од него. Посветете си внимание себеси, она внимание кое ви недостасува. Сакајте се себеси онака како што тој не може да ве сака. Разгалете се себеси онака како што тој не може да ве разгали. Бирајте да бидете среќни без него. Ослободете се од сите очекувања и направете во својот живот место за вистинскиот маж, кој ќе ви даде се’ она што сакате и што заслужувате.

извор: infopult.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: