Знаци кои откриваат несреќно омажена жена

Велат дека жените се како времето, непредвидливи. Но, кога партнерот ја занемарува тогаш постепено почнува да се чувствува несреќна во бракот. Еве некои знаци кои покажуваат дека жените се во несреќен брак:

1. Жената престанува да комуницира со мажот: Познат е фактот дека жените сакаат да зборуваат. Ако жената не комуницира, тогаш постои нешто во нејзиниот ум што ја мачи.

2. Многу бргу се лути: Кога жените се неисполнети и несреќни, во состојба се да експлодираат за секоја ситница. Ако жената бргу се лути на вас, тогаш е ова уште еден знак за несреќно омажена жена.

3. Секогаш е уморна: според некои истражувања жените во несреќен брак имаат поголемо ниво на кортизол, што доведува до низа симптоми: хроничен умор е еден од нив.

4. Таа вели НЕ за секс. Жените кои се незадоволни во бракот, не сакаат партнерот да ги допира.

5. Има тајни: Кога жената се однесува таинствено и не сака да го подели се’ она што и’ се случува во животот, веројатно дека работите не одат по својот тек.

6. Губи доверба: Кога жената ќе ја изгуби довербата, секоја мала работа е под лупа. Таа проверува телефони, мејл, социјални мрежи.

7. Не обрнува внимание: Кога жената ќе го загуби интересирањето за мажот, тогаш е очигледно дека е таа несреќна во бракот.

8. Прави нови чекори во својот живот: Кога жената се посветува на своето хоби и сама излегува од дома, значи дека е несреќна во бракот. Таа се’ помалку време му посветува на својот партнер.

9. Почнува да размислува само за себе: Жената несреќна во бракот станува себична. Таа времето го посветува исклучиво себеси, располага со свои пари и свои емоции. Ова е знак дека таа е незадоволна во бракот.

10. Таа го менува својот изглед: Видливи се промените во изгледот и тоа е најголем чекор, подготвена да оди без својот партнер.

извор: haber

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading