Како сфатив дека сакам развод- кога тој ќе заминеше некаде, чувствував големо олеснување

Некои љубовни врски е подобро да се прекинат отколку да се крпат, со безуспешен обид да се промени нешто што не може да се промени. Како сфатив дека сакам да се разведам? Мојот сопруг замина на патување и воопшто не ми недостадуваше. Токму напротив, се радував што заминува. Почувствував олеснување на душата. Сфатив дека ме кочи да правам работи кои ги сакам и кои ми се потребни нормално да функционирам. Се’ можев сама.

Тогаш се запрашав зошто воопшто ми треба? Единствено од него ги добивав речениците: ‘Премногу комплицираш’; ‘Смири ги нервите’; ‘Премногу си фрустрирана’. По неколку години брачен живот желбата едноставно повеќе не е иста. Сеуште не сфаќајќи, станавме странци со потполно поинакви интересирања.

И еве ме, сама со детето…Ништо не се смени, се’ и понатаму е на мене освен што ме прогонува тој примитивен став на општеството дека сум лоша жена бидејќи сум разведена. Да точно е- се разведов, но не сум очајна жена која не остана во брак, туку волк кој не се согласува со законот на чопорот.

Можеби некои мислат дека е тоа себично, но способноста да не ги изневерите своите интереси е најдобрата работа која жената може себеси да си дозволи и најдобрата работа која мајката може да го научи своето дете.

Извор: pult24.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: