Силните жени обично се несреќни во љубовта: Од мажите сакаат подршка, а не контрола

Силните жени од мажите сакаат подршка и прифаќање, а не контрола и доминација како што многу од нив нудат.

1. Тие се независни и своите потреби ги ставаат на прво место. Таква жена на никој нема да му дозволи да и’ каже што може, а што не може. И сама знае што сака и како тоа да го добие. Таа ги остварува своите соништа и очекува дека покрај некој ќе биде подеднакво силна и самоуверена личност. Потребна и’ е подршка, а не контрола и водење.

2. Многу се селективни. Тие ја знаат својата вредност и ќе се согласат само на мажи кои животот ќе и’ го направат подобар. Не се очајни туку трпеливи. И кога конечно ќе го сретнат човекот кој е вреден за нивната енергија и време, ќе знаат дека чекањето не беше залудно.

3. Не се плашат да се изборат за себе. Тие не се плашат да кажат што мислат. Ако нивниот маж направи нешто погрешно, нема да ги затвори очите пред тоа.

4. Сакаат силно. Невозможно е во потполност да сфатат зошто таквата жена се вљубува во нив. Но, кога тоа ќе се случи, таа кон тој маж се однесува со најголемо почитување и љубов.

5. Позрели се од другите. Тие се помудри и позрели од другите жени. Тие имаат своја смисла и цел и точно знаат што сакаат. Таквите жени се паметни и сакаат се’ да држат под контрола. Такви жени тешко е да се најдат. Таа не само што оди по своите соништа, туку и работи на остварување на истите.

Ако сте вие таа жена, продолжете да бидете тоа што сте. Еден ден ќе дојде љубовта која ја заслужувате и тогаш ќе можете да го сакате тој човек со сето срце, сфаќајќи дека овој пат се’ е навистина поинаку.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: