Ако останеш сама после твојата илузија за ‘Љубовта на мојот живот’…што да се прави?

Ќе има такви денови, кога се’ околу тебе ќе замре и ќе ти се чини дека го слушаш само звукот на своето дишење. Нема никој. Никој да ти избрише солза, никој да ти подаде рака додека се извлекуваш од дупката на емоциите во која се лизна повторно. Нема никој да те расположи или само да биде тука додека тагата не се смири, додека не ја прифатиш во потполност.

Луѓето доаѓаат и си одат. А трчаше, ги влечеше за ракав сите неважни луѓе кои едноставно те заборавиле. Имаат свои животи, имаат свои потреби. Кога би можела барем да сфатиш колку си важна, колку треба да си важна сама на себе.

Со време, некако ќе навикнеш на таа потполна тишина, на тој мир. Ќе ти стане поприродно од ‘галамата’ која ти беше така удобна. Можеби токму поради тоа што не ти дозволуваше да се видиш себе, тоа страшно место кое крие многу демони. Галамата беше сигурно засолниште, бегство од допирот со себе. Но, стигна моментот на вистината. Треба да се загледаш во своите најскриени делови и да не молиш за излегување. Во тоа беспаќе ќе пронајдеш благо и убавина.

Само чекори храбро. Одважно. Смирено. Трпеливо. Сигурно во себе. Ако ти не си сигурна во своето постоење, нема да те спасат ниту многу луѓе, ниту пак човек. Ниту многу зборови, ниту насмевки кои греат. Секогаш си всушност сама. Да, потполно сама. А тоа е нешто најубаво што може да ти се случи. Поради таа самотија ќе бидеш почиста и попотполна.

Ништо страшно нема да се случи. Уживај, тоа е се’ што можам да кажам. Уживај во тој благослов кој не е наменет за секој. Единствени, бестрашни носители на сопствените радости кои имаат привилегија да си припаѓаат само себеси.

Катерина

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: