Кога ќе престанете да жалите за луѓето кои ве повредиле?

Кога ќе сфатите дека не се вредни. Дека не ве заслужиле. Тогаш кога ќе почнете повеќе да се почитувате себе. Кога ќе сфатите дека со причина универзумот ве раздвоил, бидејќи ништо повеќе не е на иста бранова должина. И поради тоа можете да се освестите себе и својот напредок. И кога ќе престанете да се каете што сте биле многу искрени со нив, бидејќи ако искреноста ве одалечила тогаш запрашајте се: какви се воопшто тие луѓе?

И уште ако видите дека тие воопшто не се каат и не им е жал што ве повредиле, тогаш размислете зошто воопшто Вие размислувате за нив? Дали тие мислат како вие се чувствувате? Да, знам дека ќе им дадете уште една, пета, осма…ма илјада шанси, но има ли тоа смисла ако секој пат повторно ве изиграат и повредат? Зошто тоа си го правите?

Не го заслужувате тоа. Ама баш не. И разбирам дека уште нешто постојано ве влече кон тие луѓе. Но, тоа е ронка на емоционална навика која ве врзува за нив и за она што некогаш го имале. Или барем мислевте дека го имале. Додека не сфатите дека се’ било илузија..

Затоа не жалете повеќе за тоа. Туку бидете благодарни за тоа што сте напредувале и што се издигнавте над тоа ниво. Бидете благодарни со сето срце. И сврете се кон некои прекрасни луѓе, кои се тука околу вас, но можеби не ги забележувате. Кои се во склад со вашата нова вибрација. Кои се совршен дел од ова парче на вашиот животен пат. А можеби и многу повеќе, кој ќе знае.. И насочете се кон напред. Гушнете ги своите сакани кои се сега тука и овде со вас и дозволете му на срцето да се исполни со љубов максимално. И што ви треба повеќе?

Ива Брадариќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: