Да се биде среќна и сингл? Да! Ниту барам, ниту чекам маж

Да се биде сингл не е сентиментален статус: ја опишува стварноста на личноста која поминува одредена фаза од својот живот, без потреба било што да чека и без притисок дека некој бара. Иако повеќето студии ја подржуваат идејата дека луѓето кои се во брак се среќни повеќе од слободните. Исто така треба да се додаде дека е вообичаено да се дружите со различни луѓе се’ додека не ја запознаете вистинската личност.

Ниту гледам, ниту чекам: живеам сама, бидејќи избрав да се посветам себеси, бидејќи не ми треба партнер за да сфатам што е среќа.

Очигледно е навистина дека емотивните односи можат да ни донесат највозвишена среќа или да не’ натераат да го вкусиме најгоркото разочарување. Без сомнеж, љубовта заслужува да се живее; меѓутоа, воопшто не е здраво да се направи љубовта да биде единствена причина за постоење. Среќата, благосостојбата и рамнотежата мора да се родат во нас, тие се ненадминати вредности кои не’ водат низ животот. И кога сме сами и кога чекориме со некој рака под рака.

Има вистина во овие зборови: Понекогаш осаменоста е цена на слободата и таа не’ учи повеќе од било кое друштво.

извор: АPortal

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading