Три однесувања поради кои Љубовта венее

Започнувањето на врска е секогаш убаво поради адреналинот, емоциите кои ги чувствуваме и совршенството кое му го препишуваме на партнерот. Mеѓутоа, со време секој може да почне да усвојува поинаква улога од онаа на која се надева другиот. Повеќе не е како на почеток прекрасно и љубовта почнува да венее.

Љубовта е како цвеќе кое треба да се залева секој ден, бидејќи ако не добие доволно вода, тоа ќе пресуши и ќе овене. Исто така, цвеќето ако добива премногу вода, тоа на крајот исто така ќе умре. Од таа причина, во врската е неопходно да се пронајде рамнотежа и слобода. Стресната работа, како и домашните обрски кои немаат крај, кога ќе се соберат, не’ прават многу негативни. Негативност, која ја пренесуваме во многу области, но пред се’ на својот партнер.

Испуштањето на негативните мисли за партнерот е претеран терет кој тој/ таа не го заслужува. Негативноста не исчезнува, таа се затвора во емоционален ранец кој може да стане толку тежок, што ги ‘крши’ рамењата на оној кој го носи. Душата и на оној кој се жали и на оној кој слуша го упива жалењето; па наместо толку многу да се жалите, зошто не се обидете да ги решите проблемите.

Повремениот негативен став не е опасна закана за парот, но кога секој ден е мрачен и ќе стане начин на живот, тогаш нема љубов повеќе. Животот е често стресен: деца, пријатели, работа, хоби, учење…се чини дека се’ ве спречува да најдете момент да уживате со својот партнер. Во врската е неопходно да се биде способен за искрена комуникација, како и страста која е клучна состојка на врската, знак дека оди по добар пат и од таа причина, малку мистерија не е лошо.

И мажите и жените сакаат физичко припаѓање на својот партнер, а кога постојано одбивате интимност, проблемите се неизбежни. Има денови кога немате доволно време или сте преуморни, но важно е да го залевате цвеќето со водата на страста. Страста и љубовта мора да одат рака под рака за да функционира врската.

извор:https://lamenteemeravigliosa.it/comportamenti-appassire-pianta-amore

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading