Овие 3 токсични личности треба секогаш да се игнорираат

За да научуме да ги игнорираме овие луѓе, потребно е да изградиме штит за нашата душа. Тоа во психологијата се нарекува ‘радикално прифаќање’. Односите со другите луѓе ни носат среќа и задоволство, но често се извор на тага и разочарување. Поради тоа, за да ја најдеме среќата, мора да научиме да игнорираме одредени зборови, ставови и однесување на други луѓе.

Исто така, постојат случаи кога игнорирањето е работа на менталното здравје, бидејќи нашиот однос кон она што се случува не’ спречува да тргнеме напред и да го оствариме својот полн потенцијал. Сфаќањето дека и ние сами понекогаш имаме токсични односи, станувајќи главна жртва е прв чекор кон ослободување од замката во која упаѓаме.

Игнорорањето е уметност. Тоа не е облик на освета и не е начин кај некој да се предизвика комплекс, туку метода со која ќе се заштитите самите себе. 3 ситуации кога мора да ги игнорирате другите:

1.Деструктивна критика. Ако критиката никогаш не ви помага, туку ве фрла во очај- треба да ја игнорирате. Не дозволувајте им на другите да ви судат. Не дозволувајте нивната критика да ве повреди- заштите се себе.

2. Негативни постапки. Ако личноста ви прави лоши работи, не дозволувајте неговото однесување да ви ја промени психата, бидејќи ќе значи дека тој ја постигнал својата цел. Запомнете дека можете да навредите само некој кој тоа ќе го дозволи. Ако забележите дека некој непримерно се однесува кон вас, едноставно сврете се и одете што подалеку од таа личност.

3. Манипулација. Постојат луѓе кои се навикнати да ја контролираат околината со помош на емоционална манипулација. Бидете свесни за тие луѓе, избегнувајте дружење со нив. Ако научите да ги игнорирате нивните зборови, бидете сигурни дека научивте да го живеете животот без стрес.

Направете заштитна обвивка. Навикнати сме туѓото однесување да не’ изнервира или вознемири. Таквата реакција е нормална и не е секој од нас Буда. Проблемот се случува кога таква реакција трае подолго и почнува да влијае на вашето здравје. Ваква психолошка дистанца создава заштитен штит околу вас и ја разбива способноста за реагирање на ситуација без емоционално да се уништите.

извор: Stil

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: