Да се сака жена не значи само да се води љубов со неа и да се каже ‘Те сакам’

Да се сака жена не е само момент кога ги знаете своите тела и ги слушате чукањата на своите срца. Не е момент кога сте исполнети со задоволство кое не се објаснува. Да се сака жена не значи само да ја бакнеш додека таа спие или кога го приготвува твојот доручек. Бакнежот не значи нужно љубов, а љубовта не се состои само од страствени бакнежи.

Да се сака жена не значи да се украсува со најубави зборови, да се кити со најубави подароци. Да се сака жена не значи само да се каже ‘Те сакам’, напишано во брзање. Тоа не покажува дека навистина ја сакаш.

Да се сака жена значи секогаш да ја држиш за рака, дури и кога добила некое килце повеќе, за да ја охрабриш и да ја поддржиш. Тоа значи дека не ја оставиш сама кога ќе се разболи. Тоа значи бришење на солзи и верување во нејзините соништа. Да се сака токму таа жена значи да се биде благодарен што одбрала да ви подари прекрасни деца.

Да се сака значи да се почитува и да се земат во предвид нејзините очекувања и стравови. Да се сака значи да се гушне кога е уморна и да се слуша кога нешто ја измачува. Од љубов да и’ простиш и да и’ помогнеш да го победи стресот, депресијата и фрустрацијата. Да се сака жената не е комплицирано, ако сите твои чувства се искрени и ако знаеш да бидеш маж кој сака, кој знае да одговори со иста мера, како и таа.

извор: pozitivanstav.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: