Како да го заинтересирате партнерот на долги патеки?

Да, многу често сте налетале на погрешни мажи. Исто така многу веројатно дека сите не биле погрешни. Некои и можеле да бидат оние Вистинските, но работите не се одвивале како што сте посакувале. Да, не е фер. Во љубовта често многу работи не се фер. Зошто?

Затоа што секој бира најдобро за себе. Како што ти го бираш најдобриот маж, така и мажот ја бира најдобрата жена, онаа која најмногу му одговара. Кога сакаат да се врзат на долги патеки, мажите не размислуваат како жените. Жените често сакаат да им дадат безброј прилики на мажите кои ги гледаат како потенцијал, додека мажите се фокусирани на сегашниот момент и впечатокот кој го имаат за одредена жена – Сега. Што тоа значи?

Ако не си за него вистинската, најверојатно ќе каже како не е подготвен за врска. Значи ли тоа дека реченицата ‘не сум подготвен’ секогаш ја користат како изговор кога не сакаат да бидат со одредена жена? Не нужно, но многу често- Да. На мажите им е многу полесно да кажат ‘не сум подготвен за врска’ отколку ‘не сакам врска со тебе’. Исто е и со жените. Жените ова го прават елегантно, ставајќи ги мажите за кои не се заинтересирани во добро познатата пријателска зона. Но, се поставува прашање- што можеме да направиме кога и сами се наоѓаме во таа незавидна ситуација? За што се работи?

Кога мажот одеднаш ќе ја смени плочата или од почеток потенцира врска без обврска, тоа значи дека нешто кај тебе не му се допаднало. И да, тоа е сурова вистина. Тоа не значи дека тој и понатаму нема да се обидува да договори секс без обврски. Само значи дека тој те ставил во категорија на жена со која се гледа на лежерен начин. Да, тоа е болно. Посебно ако е маж кој навистина ти се допаѓа.

Сепак постои и добра вест. Можеш да влијаеш на тоа како ќе те перципира. Како да се заинтересира на долги патеки? Драги дами, за да го заинтересирате треба да го знаете следново: Не мора да бидете совршени, доволно е да бидете свои. Квалитетните мажи за врска бараат исти такви жени. Ако ти во старт ја изгубиш контролата и ја покажеш својата најлоша верзија, тој лесно ќе заклучи дека ти не си жена со која сака врска.

Но, ти си прекрасна. Ти си жена која секој би сакал да те има покрај себе. Добра си, убава, вредна, паметна- само тој тоа не го гледа, ниту ќе се потруди подобро да те запознае ако во старт изгубиш контрола поради некоја негова постапка. На пример, ако мажот доцни или го откаже договорот, не треба да се правиш дека ништо не те погоди, а посебно да не ја изгубиш контролата и да му кажеш сешто. Треба на јасен и одлучен начин да се даде до знаење дека во иднина треба да се јави на време и на тој начин му даваш до знаење дека твоето време е драгоцено и треба да те почитува. Жените кои имаат контрола над своите емоции и при тоа бараат почитување, мажите ги сметаат за подобра прилика, како жени за долги патеки. Драги мои, ценете се себеси и барајте почитување.

извор: APortal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: