Ако не поставите ограничувања, нема да слушнете ‘благодарам’ и ‘извини’

Не го ограничувајте своето страдање на луѓето околу себе. Бидете добри жени, совршено послушни работнички. Проширете го своето трпение до крајни граници, бидејќи секогаш ве учеле дека жртвата е доблест, дури и ако вклучува откажување од вашиот живот и вашите желби. Можете да се одлучите ова да го направите. Да не поставувате ограничувања, но знајте дека никогаш нема да слушнете ‘благодарам’ или ‘извини’.

Луѓето ќе се навикнат да гледаат како ја исполнувате оваа улога, нема да го вреднуваат она што го правите, нема да ја видат смислата во вашата борба. Директната последица од толерирање на работите кои ве повредуваат, злонамерните зборови, ударите, злоставувањата и занемарувањето е дека ќе станете совршен плен на урбаната савана, идеална мамка на секој грабливец.

Која е цената за непоставуање на ограничувања? Постојат луѓе кои толку многу страдале што веруваат дека единствена нивна употреба е да бидат ‘вреќа за удирање’. Никој не ве обвинува за тоа што сте дошле во состојба на емоционална сиромаштија, тие чувства се чини дека ја проголтале секоја искра на магија и креативност во вас. Но, ако и понатаму сте доволно луцидни да сфатите дека сте во оваа состојба, можеби имате време да се повлечете и да ги застанете овие ситуации. Можеби е време да ги прекинете тие врски, но не со секира, туку да ги искорените со ориентална свилена нишка, речиси незабележителна.

На светот не му недостасуваат манипулатори. За жал, многу тешко е да се забележат. Некои се само бледи сенки со некои особини на лудило. Од таа причина цената на незнаење како да се постават ограничувањата е многу висока, а уште повеќе расте кога ќе одбиеме да се соочиме со стварноста која не’ опкружува. Мирисот на вашиот страв дека ќе бидете напуштени, критикувани или маргинализирани се претвора во најдобар сојузник на оние кои вашата слабост ја претвораат во оклоп за да се заштитат од удари.

Во човечките односи постојат многу видови на луѓе и сложености што е невозможно да се знае точно како секој од нив функционира. Меѓутоа се чини дека некои обрасци на односи се повторуваат одново и одново. Ние ги набљудуваме, се бориме против нив, ги трпиме. Се карактеризираат со систем на комуникација во која одредени луѓе немаат глас и не поставуваат ограничувања дури и ако им предизвикуваат несреќа. Во овие модели луѓето го скратуваат своето право да мислат на себе.

Никогаш не очекувајте ‘Ми е жал’ или ‘благодарам’ од некој кој веќе ја преминал границата на емоционално злоставување. Овие зборови на внимание и благодарност ќе го добијат оние кои можеби не давајќи ништо, ќе освојат прва награда во пофалби. Време е себеси да си дадете мир, да го заштитите делот од своето лице кое уште не добило шамар, своите граници да ги направите од челик. Не очекувајте извинување или благодарност од некој кој ве пуштил да клекнете за да изгледа поголем. Не го заслужувате тоа.

извор: https://lamenteemeravigliosa.it/non-limiti-non-grazie-scusa/amp

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: