10 ментални навики кои секој ден го загрозуваат вашето здравје

Некои навики, карактерни особини или обрасци на размислувања се токсични, бидејќи ни ја одземаат силата и енергијата- и физички и психички. Понекогаш не забележувајќи, ги негуваме овие негативни навики во себе и ја трошиме својата енергија на потполно бесмислена анксиозност и негативни мисли кои не’ оставаат скршени и исцрпени.

Енергијата е движечка сила која ни дава мотивација и овозможува најдобро да ги искористиме приликите кои даваaт убав живот. Размислете дали се чувствувате ментално исцрпени, анксиозни или ви недостасува и вас мотивација? Имате ли чувство дека ви се изгубила енергијата нешто да направите? Можеби тоа укажува дека стекнавте неколку лоши навики кои ви ја црпат енергијата. Еве кои се најчесто:

1. Живот во минатото. Од друга страна, сегашноста и иднината се навистина во ваши раце. Наместо да го насочите вниманието на она што се случува овде и сега, вие го насочувате во минатото, а тоа може да биде многу исцрпувачки. Нели е многу порационално и поздраво да ја насочувате енергијата на она што можете навистина да го промените?

2. Навика да се чувствувате виновни со и без причина. Чувството на вина припаѓа во категоријата на чувства на кое трошиме голема количина на енергија. Значи, ако имаме храброст да го прифатиме минатото какво што е и истовремено ако се ослободиме од вината поради она што се случило, ќе ослободиме многу енергија за да почнеме да живееме во сегашноста и да правиме планови за иднината.

3. Навика секогаш да се согласуваме. Ако секогаш кажувате ДА ќе имате време за било кој освен за себе. За да им удоволите на другите, ќе заборавите на себе. Ако не научите да кажете НЕ, бргу ќе ја потрошите својата ментална и емоционална енергија на другите.

4. Навика да се потпирате само на себе. Сите го знаеме овој тип на луѓе кои повеќе сакаат потполн и совршен колапс, обидувајќи се сами да го решат проблемот отколку да побараат помош. Да, да, некои луѓе навистина повеќе сакаат да не ја постигнат целта, отколку тоа да го постигнат со некој во тим.

5. Навика премногу да се грижите. Поголемиот дел од она за кое се грижиме е поврзано со работите кои можат да се случат во иднина, а тие можеби никогаш нема да се случат. А тоа ве носи во потполно логично прашање- Дали воопшто се исплаќа да се грижите околу нешто што воопшто нема да се случи?

6. Навика постојано да се жалите. Навика постојано да се жалите на живот и се’ што во него се случува спаѓа во друга категорија на негативни навики кои одземаат енергија. Оваа навика ве парализира и ве спречува да видите барем нешто добро во својот живот.

7. Навика се’ да се остава за подоцна. Понекогаш ги оставиме плановите ‘за подоцна’ бидејќи едноставно сме премногу мрзливи со нив да се носиме и не сакаме да превземеме одговорност. Но, кога постојано нешто одлагаме за подоцна, се чини дека одбиваме да го притиснеме копчето кое го отвора сигуроносниот вентил на прегреаниот парен котел. Порано или подоцна, притисокот на одложените работи ќе стане толку голем што котелот ќе експлодира и ќе донесе многу проблеми.

8. Навика работите да се гледаат од негативната страна. Ако сте навикнати чашата на својот живот да ја гледате полупразна, непрестано чекајќи да ви се случи нешто лошо, со тек на време ќе почне да има директно и многу негативно влијание на вашиот живот.

9. Навика да се обидувате да држите се’ под контрола. Обидите постојано се’ да се контролира одзема многу енергија. И затоа оваа навика води до иритација и анксиозност, бидејќи не можете да контролирате се’ и сешто со својата желба.

10. Навика постојано да работите, не престанувате за да се одмарате. Постојат многу начини накратко да го застанете своето трчање до целта и да исклучите се’ што ви смета, бидејќи е тоа од витално значење за вашето здравје и добробит.

извор: lovesensa

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: