Жени, поставете ги своите граници на време!

Многу луѓе среќаваме во текот на животот. Овде станува збор за конфликтот помеѓу чувството дека треба да бидеш пристојна и чувството дека треба да водиш грижа за својата сигурност, добробит и благосостојба, за она што ти сакаш. Често, посебно жените, имаат чувство дека му ја должат на светот својата љубезност, пристојност, затоа што се жени, бидејќи од нив тоа се очекува..

Повеќето од нас имаат добро и отворено срце, но тоа не треба да не’ ослепи за фактот дека секој нема добри намери, дека по светот одат милиони луѓе кои имаат симптоми на нарцисоидно пореметување на личноста, социопати и психопати, личности со пореметување на личноста кои не се во установи, туку често се добро замаскирани добрици и понекогаш можат да извршуваат моќни улоги во општествената заедница.

Често во животот ќе налетаме на таква личност, но ако налетаме, ќе знаеме по тоа што таква личност, кога се залагаме за себе, продолжува и понатаму да работи така, да ги задоволува само своите потреби. Ќе не’ игнорира, ќе не’ нарекува со погрдни зборови, ќе стане полна со отворена или прикриена одмазда и ќе се труди да не залажува со зборовите: ‘Погрешно тоа го сфати, пречувстителна си, не се случи тоа, туку така и така, како што јас ќе кажам’.

Личностите кои не’ наведуваат да ги потиснуваме своите чувства, да ја занемариме својата перцепција на реалноста, не се добри за нас и не заслужуваат пристојност. Да се даде на некој нешто што не заслужува, исто е како да се краде од некој она, што не е наше. Не е добро ниту за нас, ниту за другата личност да и’ дадеме право да се однесува без почитување, затоа што тогаш никој ништо нема да научи од таков однос.

Да се постават граници на време е многу важно. Во случај да се чувствуваме добро во некој однос, границите нема да бидат потребни. Важно е да се слуша тој глас во нас кој вели: ‘Направи така, тоа е ок! А ова не е ок!’

Ние жените, одлуките ги носиме водени од својата интуиција, својата процена, и затоа да се слушаме себе! Да ги поставиме границите слушајќи ја својата интуиција.

извор: alternativa

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: