Некои работи на мажите не им се кажуваат

Прекрасно е да се биде заљубен и да се сака, но жените често знаат да се најдат во ситуација кога го навредиле својот партнер, но не можат да сфатат поради што е тој повреден. Постојат многу работи кои мажите не сакаат да ги слушнат, а овие се 7 најчести.

1. Мамин син. Повеќето мажи се ‘мамини синови’ но тоа не мора да му го зборувате често. На крајот, таа ги роди, гo хранеше, растеше и го направи таков каков што е денес. Таа пораснала личност во која сте вљубени денес, па како помисливте дека тој во потполност ќе ја игнорира својата мајка и ќе ве слуша само вас и вашите совети? После се’, зошто да се спомнува неговата мајка во разговор кога тоа не е потребно? Поголемиот број на мажи се пречувствителни на своите мајки, како што жените се пречувствителни на своите родители. Ниту еден маж не сака да му се каже дека е тој ‘мамин син’, иако жената знае дека е тоа така.

2. Ја губиш косата. Со годините некои мажи ја губат косата и на тоа не треба да ги потсетувате дури ниту кога се млади. Како ќе се чувствувате вашиот партнер да ви каже дека сте дебела и дека треба да јадете помалку чоколадо?

2. ‘Мора да разговараме’. Штом ќе ги слушнат овие зборови, мажите веднаш ја ‘вадат антената’ и фаќаат сигнали на сите неволји во атмосферата. Иако знаат дека нема потреба да се чувствуваат виновни, овие зборови значат многу драма и солзи кои тие, по својата генетска модификација, не можат да издржат. Ако постои проблем, треба да разговарате за него, инаку нема никогаш да го решите, но започнување на разговор со оваа реченица е голема грешка.

4. Неговите пријатели. Неговите пријатели се нешто што поголемиот број на жени не ги сакаат. Многу жени мислат дека се тие лошо друштво за нивниот маж. Ако тие не ви се допаѓаат и тоа им го кажете, тогаш тоа е голем проблем. Од друга страна, ако не ви се допаѓаат, вашиот маж може да биде љубоморен и тоа повторно да биде проблем.

5. Секогаш вака се однесуваш. ‘Секогаш вака се однесуваш’ и ‘Никогаш нема да се промениш’ се зборови кои мажите не сакаат да ги слушнат, а еден од најголемите проблеми кај жените е што генерализираат па дури и спомнуваат работи кои се случиле пред десет или дваесет години и кои немаат никаква врска со моменталниот разговор. Потребно е да се фокусирате на сегашните аргументи, а не на неговиот карактер или она што тој верува.

6. Зарем не е згодна? Ова е едно прашање за кое мажите знаат дека немаат вистински одговор. Ако кажат дека не е, вие ќе му кажете дека никогаш не се согласува со вашите забележувања. Ако каже дека е, вие ќе помислите дека е еден од оние кои сакаат ‘да шараат’.

7. Мојот бивши тоа никогаш не го направил. Никогаш не зборувајте или не го споредувајте бившиот со сегашниот. Она што бившиот правел или не, сега не е ниту важно, а тој е бивши затоа што постои добра причина за тоа. Токму затоа не треба на тој начин да го повредите егото на својот партнер и да го нарушите вашиот однос.

извор: minimagazin

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: