Психолозите советуваат: како најбезболно да излезете од конфликт и расправија

Ако одговориме во моментот на лутина, нема да одговориме добро, ако замолчиме, си даваме себеси шанса да го разбереме другиот, тврдат психолозите. Велат дека во расправија или при критика никогаш не треба да се критикува личноста, туку нејзиното однесување. На пример, не е добро да се каже ‘Ти си лош’, туку ‘Не го направи тоа добро’.

Меѓутоа кога ќе настапи бес, кога сакаме да го истераме своето, се’ забораваме и тргнуваме како што не треба. Иако делува тешко, најдобрата работа кога се расправате, на пример со својот партнер или брачен другар е да НЕ го убедувате дека сте во право. Тоа само ги храни негативните чувства. Според психолозите најважно е да знаете да слушате. Таа позиција ни овозможува да влијаеме на моќта на другите, било да ги охрабруваме или поттикнуваме.

Кога ќе дојдете до конфликтна ситуација, најважната работа е на другата личност да и’ овозможите да зборува прва. Не ја покажувајте својата моќ; дајте им чувство дека ги слушате и разбирате. Со слушање на другата страна, дајте им шанса да станат дел од разговорот. Ако одговорите во моментот на лутина, нема да одговорите добро. Ако и’ дозволите на другата страна да каже што има, ќе добиете повеќе информации околу тоа- што се случува во цела ‘гужва’.

Можеби ќе дојдете до точка да застанете и да кажете: ‘Мора да се тргнам од ова за момент’. Кога ќе замолчиме, си даваме себеси шанса да го разбереме другиот. Треба да ја почитуваме перспективата на другиот, колку и смешно да звучи. Кога луѓето ќе почувствуваат дека се ценат и признаваат на некој начин, покажуваат тенденција за прифаќање на информации кои не се во склад со нивните уверувања.

извор: BIZLife

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: