Дали животот почнува по 50-тата?

Имам 50 години, неколку напуштени соништа, неколку неостварени желби, некои глупи ставови, неколку работи кои би сакала да ги научам и многи работи да совладам. Напуштените соништа не ми се повеќе извор на фрустација. Не со 50! Кога ќе видам дека соништата долго време се неостварени, едноставно ги гужвам и ги фрлам преку рамо. Научив дека соништата кои долго не можам ги остварам, создаваат фрустрација и чувство на неуспех, затоа едноставно се решавам од нив и осмислувам нови.

Сега сум доволно мудра да не сонувам неостварливи соништа. Затоа многу често се веселам на мали соништа кои лесно ги остварувам. Неколку неостварени желби, се причина што наутро станувам и се ‘пеглам’ самата себе, со гужвата, работата, недостаток на време и пари. Да ги немам тие неколку желби кои сеуште не си ги исполнав, тешко некој би можел да ме натера секој ден да одам на работа.

Затоа по секоја остварена желба, веднаш смислувам една нова неостварена и така успевам да не се претворам во мрзливка. Да, имам неколку старински, архаични и ‘затуцани’ ставови. Понудете ми нови и модерни во комплет со објаснување кое држи вода, па овое р’ѓосаните веднаш ќе ги фрлам во река.

Имам уште неколку работи кои сакам да ги научам, но досега не најдов време или не успеав да се организирам. Но, ќе го направам тоа сигурно! Остануваат уште неколку работи кои мора да се совладаат, ма колку и да не сакам и колку и да се тешки.

Ми се допаѓаа бенефитите на моите 50, а маните не ми паѓаат тешко. Не ми може никој ништо, освен јас самата себе! Можам се’ што сакам, а не морам ништо!

Викторија Херак

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: