Кога не ве љубат, а не сакаат да ве пуштат

Љубовта секогаш не’ става во дилема, иако некои од нив се добри. Меѓутоа, понекогаш, тие не се корисни. На пример, кога некој не ве сака, но никако да ве пушти. Од една страна, чувствувате дека таа личност не ве интересира. Не размислува за вашите потреби ниту се труди да ве усреќи. Кога ви е доста од се’ и кога ќе му кажете дека сакате да ја прекинете врската, тие веднаш ќе ‘скокнат’ и ќе ви дадат стотина ветувања, бидејќи не сакаат да ве изгубат. Ова е многу вознемирувачки. Понекогаш мислите дека сте збунети. Но, многу бргу ги препознавате знаците дека не ве сака. И циклусот повторно почнува. Што треба да направите тогаш?

‘Не останувајте таму каде што не можете да сакате’ -Фрида Кало

Љубовта секогаш создава некоја доза на страдање. Но, ако е здрава, мора да донесе многу повеќе моменти на благосостојба отколку проблеми. Тоа исто така треба да биде јасно, иако и тоа не исклучува повремени сомнежи и контрадикции. Накратко, љубовта треба да ве прави среќни повеќе отколку несреќни.

Почнувајќи од таа идеја, можете да сфатите дека некој не ве сака во оние моменти кога ќе ви се јават повеќе тегоби отколку смиреност. Кога ќе поминете повеќе време страдајќи поради осаменост во врската и несогласување, отколку уживање со партнерот. Кога за момент ќе застанете да размислите и ќе сфатите дека повеќе го немате внатрешниот мир, бидејќи цело време чувствувате урагани во своето срце. Не ве сакаат кога не ви посветуваат доволно внимание. Кога ги занемаруваат вашите потреби и вашите чувства. Или кога вашите потреби и чувства се потценети, отфрлени или критизирани. Секогаш е лесно да се знае кога не ве сакаат. Тешко е тоа да се прифати и за тоа да се носи одлука.

Три главни причини зошто не ве пуштаат:

1. Себични потреби. Другата личност знае дека не ве сака, но чувствува дека и’ требате. Можеби не знаат да се носат со осаменоста и не пронашле нов партнер. Ако тоа го направат, нема да се двоумат да раскинат со вас.

2. Посесивност и егоцентризам. Многу луѓе не ја поднесуваат идејата дека некој друг ќе го заземе нивното место. Претпоставуваат дека нивниот партнер е како посед кој не смеат да го изгубат. Стравот дека ќе најдете нов партнер може да ја повреди нивната гордост, па затоа не ве пуштаат.

3. Недостаток на зрелост. Може да се случи едноставно другата личност да нема појма што значи да се сакаат другите. Сакаат да бидат сакани, но не знаат како да возвратат љубов. Ако сте во таква ситуација, ви препорачуваме да не губите повеќе време. Проблемите само ќе се множат, ќе создаваат лоши чувства, несигурност и стагнација. Само размислете и утврдете дали вашиот партнер навистина има искрени чувства и дали тој ве обогатува или осиромашува.

Ако не е добро, тогаш треба да го пуштите. Избришете го од својот живот, користејќи ги сите механизми кои ви се на располагање. Тој однос не вреди. Тој ви нанесува болка, ве ограничува и разболува. Она што го имате не е љубов

извор: exploringyourmind.com

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading