Повеќе не сум достапна за луѓето кои ме сметат за ‘ѓубре’

Оваа мисла постојано ја повторувам- нема потреба да бидам врзана за работи кои не ми служат и поради кои се чувствувам како ‘ѓубре’. Тоа може да биде било што- работа, врска, пријателство или некои работи кои ме исцрпуваат физички, емоционално, психолошки, па дури и духовно.

За некои работи се врзуваме емоционално- а кои не се врзуваат за нас на ист начин. Се држиме за тоа од страв и уверувања дека ни се потребни за да бидеме добро. Се држиме бидејќи некако не веруваме дека можеме да бидеме подобри и покрај загубите кои ги доживуваме. Тоа е отровното работно место на кое продолжуваме да одиме секојдневно, пријателката која како да се радува затоа што и’ оди подобро од вас, партнер кој продолжува да ги занемарува вашите потреби и не ве почитува, куќа која ја поседувате и за која практично мора да работите ден и ноќ за да ја исплатите. Ниту една од овие ситуации не се врзува за вас. Разбирате?

Одржував врски во кои бев запоставувана, пријателства кои земаа повеќе отколку што даваа и работа поради кои се чувствував помалку вредна. Сепак останував подолго отколку што требаше. Што работев и зошто не прекинав? Сфатив после многу саморефлексија дека цврсто држев за рака некои работи и луѓе, убедувајќи се себеси дека тоа ми е потребно за да бидам во ред. Она за што се држев беше лажно чувство на сигурност. Мислам дека никој не може навистина да не’ натера да увидиме дека нешто повеќе не е добро за нас.

Гласот од нашата внатрешност мора да каже: ‘Ова повеќе не е доволно добро за мене’. Бидејќи само во тој момент сфаќаме дека се држиме премногу цврсто и поради тоа не напредуваме- заглавени сме, исцрпени и безнадежни. Ако некогаш почувствувате дека треба да донесете одлука во врска со пуштањето на она што ве спречува, сакам да знаете дека сте на најважната раскрсница во вашиот живот. Одлуката која ќе ја донесете во тој момент може да ве спаси од кршот кон кој одите.

Следев неколку чекори кои ми направија вистинска промена во животот, како оваа и се надевам дека нивното делење со вас може да ви овозможи некои смерници во вашата клучна точка на одлука: Насочете го вниманието на своето внатрешно знаење и интуиција. Навистина добро размислете за работите кои ве спречуваат во оваа фаза на вашиот живот. Внимателно слушајте ги сопствените внатрешни мудрости, можат да бидат духовна пракса на која често забораваме држејќи се на токсичните работи.

Открив дека кога се фокусирам на своето внимание, всушност знам кога нешто не е добро за мене, иако се уверив во спротивно. Првиот чекор кон пуштањето е препознавање на работите кои не’ држат. Сфатив дека најтежок е првиот чекор, бидејќи порекнување на постоењето на проблемот не’ спречува да го решиме. Забележав дека кога ќе одлучам да се променам, мојот ум има тенденција да ги изговара спротивните зборови: ова создава анксиозност. Наместо тоа, прифатете дека имате контрола над држењето и пуштањето.

Запомнете, ништо не може да не’ задржи. Прифатете и превземете обврска над своите постапки. Верувајте дека некои подобри работи ќе ја исполни празнината. Кога сме посветени на сопствениот раст и создавање на живот вреден за живеење, пуштањето остава простор за такви работи. Ослободува простор во нашите умови, во нашите срца и нашиот дух.

Кога отпуштаме, праќаме јасна порака во Вселената, на нас да ги насочи работите кои служат за наше добро. На крајот, тагувајте за она што пуштате. Овој чекор за мене се однесува на сочувствување со себе и вистинско почитување на она што мора да пуштиме. Пуштање на нешто што некогаш ни годеше, макар и на кратко, создава чувство на тага.

Научив дека застанувањето не’ ослободува од тага. Она што сме држеле цврсто, мора да го прежалиме. Тагувањето е пуштање без вина. Останувам верна на себе и внимателно ги слушам внатрешните сигнали и оној момент кога ќе почувствувам дека нешто повеќе не ми предизвикува радост, посветена сум на тоа да го пуштам. Следете го своето внатрешно знаење: без сомнеж ќе ве насочи во правец кој е најдобар за вас, дури и ако тоа не се случи веднаш. Во меѓувреме ослободувајте се и храбро марширајте низ авантурата наречена живот.

извор: Elephant Journal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: