Тој е ужасен партнер и време е тоа да си го признаеш

Некои мажи едноставно премногу бараат, секогаш се насочени кон себе, својот комфор и задоволство. Себични се во сексот, како и во разговорот. Константно бараат компромис, но не се подготвени да го дадат. Не тврдиме дека нема и такви жени, има сигурно и тоа многу, меѓутоа ова е текст во кој ви носиме знаци кои ви кажуваат дека сте во врска со егоцентрик и секако треба да размислите дали сакате и како да го продолжите таквиот однос или не.

1. Се чувствуваш виновна кога си среќна. Не можеш да му раскажеш за своето забавно дружење со пријателките или како добро ти оди на работа. Чувствуваш дека мора да внимаваш на се’ што правиш бидејќи ти завидува на секоја ситница. Поради него се чувствуваш ужасно иако твојот ден бил супер, нооо неговиот е лош.

2. Се однесува како да му должиш секс. Ти купи вечера? Ги изми садовите? Те зеде од работа? Ќе го искористи тоа против тебе, ќе те натера да се чувствуваш како да му скратуваш секс, а тој толку многу направи за тебе.

3. Те разочарува. Секој пат. Кога се радуваш на средбата со него, тој или ќе откаже или ќе се скарате и тоа ќе ја уништи цела вечер. Секогаш нешто лошо ќе се случи.

4. Никогаш не те поддржува, дури ни за мали работи. Не му се допаѓаат твоите објави на социјалните мрежи или не ти кажува дека косата ти изгледа супер кога ќе се вратиш од фризер. Не то дава доволно внимание.

5. Не сака да бидеш пријателка со други мажи. Тврди дека тебе ти верува, но не им верува нив. Знае тој како мажите размислуваат. Дека се добри кон тебе само за да те однесат во кревет.

6. Поради него чувствуваш како да имаш ужасен вкус. Не ги гледа твоите омилени серии, не ги слуша твоите омилени песни и постојано со потсмев коментира. Уништува се’ што сакаш, иако знае дека работите многу ти значат.

7. Можеби не им се додворува на жените, но ништо не превзема да го запре додворувањето на спротивниот пол. Гледаш како ужива кога е посакуван од жените.

8. Кога ќе му кажеш дека си добро, вознемирен е. Но, кога ќе му ја кажеш вистинската причина зошто не си добро, повторно се вознемирува. Не сака да имате сериозен разговор за да го решите проблемот. Само сака да се жали како тој се’ прави, а ти и понатаму си несреќна.

9. Многу долго му треба да ти одговори на порака. Ако ти не му се јавиш прва, нема ниту тој тебе да ти се јави, ниту да се сети.

10.Секој пат кога ќе се видите е пијан. Никогаш не е ‘чист’. Дури ни кога ќе то вети дека ќе се чува.

11. Сексот е единствен начин кога ти дава внимание. Никогаш не те држи за рака во јавноста или додека седите на каучот. Никогаш не те бакнува или посакува да му бидеш во прегратка и да те гали.

12. Постојано вика на тебе. Дури и кога никогаш лошо не си направила. Те обвинува тебе бидејќи за него си ‘вреќа за празнење’.

13. Се чини дека не се грижи дали ќе се видите или не. Секогаш ти правиш планови, секогаш ти ги менуваш своите планови само за да имаш време за него.. Ти вели дека му недостасуваш, но тоа е цел труд кој ќе го вложи.

14. Одбива компромис. Секогаш е се’ по негово. Повеќе се грижи за својата среќа отколку за твојата.

15. Никогаш не одговара на прашања без расправија. Дури и ако го прашаш нешто едноставно, тој ќе направи проблем од тоа. Никогаш не добиваш директен одговор од него.

16. Секогаш ги озборува сите луѓе во твојот живот. Родителите, најдобрите пријатели, твоите роднини. Ги омаловажува нив, за да биде подобар од нив. И само тој ти треба во животот.

17. Се чувствуваш нервозно поради него. Те боли главата и стомакот. Дури и кога си добра волја кога ќе го видиш секогаш си лоша волја кога ќе се раздвоите.

извор: АPortal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: