Како изгледа зрелата љубов за која всушност сонуваме?

Зрелата љубов е нешто што секој посакува, но не знае секој да дојде до неа. Она што е важно кај такви љубови- нема да бидеме во можност да ја привлечеме се додека сами не научиме да бидеме возрасни. Се додека не пораснеме, ние најголемиот дел од вината ја префрлуваме на другата личност. И често живееме во уверување дека сите други се виновни за нашите односи кои не функционираат.

Не го гледаме она клучното- само затоа што посакуваме зрела љубов, тоа не значи дека за неа сме и подготвени. За жал тоа не функционира само со мечтаење и пусти желби за да го оствариме она што посакуваме. Зрелата љубов бара прво ние да пораснеме. Мора да станеме личност каква што ние посакуваме, за да можеме да привлечеме исти квалитети во друга личност. Или во најмала рака, мора да бидеме во можност да ја задржиме кога еднаш ќе ја привлечеме.

Едноставен начин тоа да го согледаме е вистински и искрено да се запрашаме- делувам ли како возрасна личност или како дете во своите односи?

Често веруваме дека љубовта е способна да победи се’, без да прифатиме дека еден згоден, шармантен, духовит тип со кој сме во врска, всушност е неспособен за ‘возрасна’ врска. Но, мора да признаеме дека и ние често не можеме да се носиме со зрелата љубов исто како нив. Нашите очекувања за некој друг се смешни, бидејќи по тие стандарди не живееме ниту ние. Иако имаме желба за зрел однос, најчесто бираме погрешни патеки до него.

Значи, промените се неминовни, за да се најде односот за кој се надеваме. Да се решиме од старите обрасци, за да не ги правиме истите грешки. Сфаќаме дека сме потребни самите на себе за да живееме во потполност. Не мора да зависиме од некој друг за да имаме љубов, среќа или било што друго. Не е точно дека љубовта мора да биде малку турбулентна за да биде возбудлива. Не значи дека односите без драми се мирни, но досадни и дека е во ред да се биде малку непристоен од време на време. Всушност, драмата може да одржи само детски односи, кои многу тешко се забораваат.

Зрелиот однос не треба да се забрзува. Ниту треба да го чекате. Треба да се постигне добра рамнотежа помеѓу тоа. Луѓето се менуваат, односите се менуваат. Ние никогаш не можеме да очекуваме дека личноста со која започнуваме врска на крајот ќе биде таа иста личност. Промените не се секогаш пријатни, но кога ќе погледнеме во минатото тие се очигледни.

Мора да бидеме отворени и напорно да работиме за да ја понудиме безусловната љубов. На тој начин сеуште можеме да одбереме да се сакаме еден со друг, но да се сакаме без потреба да бараме работите да останат исти, односно една личност или двете мора да се ‘скратуваат’ себе за да биде среќен оној другиот. Довербата во зрелата љубов доаѓа многу природно. Една од најзначајните работи која ја одбележува оваа врста на односи и ја прави различна од другите- луѓето превземаат одговорност за она што се и во состојба се да признаат кога не се во право. Тие односи не се совршени. Тие и понатаму ќе имаат свои сопствени проблеми, но разликата е во тоа што проблемите ќе се решаваат зрело и низ добра комуникација. Кога некој е подготвен да ги прифати своите мани, пола битка е веќе освоена.

извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading