Ако сте судени, ќе го најдете патот еден до друг

Во книгата ‘Иднината на Љубовта: Моќта на душата во љубовните односи’, Daphne Rose Kingma, психотерапевт и автор на бестселер, тумачи каде грешиме, во љубовните односи и открива, како можеме да ги искусиме подлабоките односи и Љубовта. Нашиот копнеж да сакаме и да бидеме сакани.

‘Продуховена љубов е највозвишениот облик на Љубов. Кога односот го градиме со полна свесност за својата душа, чувствуваме длабока поврзаност која ги надминува границите на сите човечки, романтични односи и ни дава увид, во нашата вистинска духовна возвишеност. На ниво на душа, сите ние се препознаваме и знаеме дека секој однос, наизглед безначаен или возвишен, е само ситна снегулка во големата лавина на блескавата бела светлина, која ја прави сета љубов на овој свет.

Додека нашите односи се менуваат со нив, докажуваме дека свесната љубов е можна без оглед на нејзиниот облик, без оглед на изненадувачките и неочекувани содржини. Откриваме дека секој однос, е единствен и дека има свое време, завршеток, а може да биде и почеток, дека при секоја размена на енергија и создавање на нов однос, прифаќаме нов живот, нови можности.

Тој процес може да биде болен, но, дури и болката може да биде дар. Таа не’ потсеќа, на длабочината на нашите емоции, на нашата способност за страст и простување, за великодушност и отворање, но и на нашиот копнеж, да сакаме и да бидеме сакани. Иако себе сеуште неможеме да се дефинираме, ниту да сфатиме каде одиме, сите ние сме дел од историјата на човештвото.

Повикани сме, да го почнеме периодот на човечкото искуство, во кое облиците се распаѓаат, за да можат нашите души, да се воздигнат на следното ниво. Додека во тој процес на посветување, ги напуштаме некогашните застарените облици на односи, при тоа оплакувајќи ја нивната загуба, тогаш се фаќаме за опашката на змејот, кој не’ носи се погоре, во се подалечни пространства на свеста.

Почастени со можноста за учество во тој процес, се воздигнуваме до можноста за спознавање на вистинската Љубов во својот живот. Љубовта која не’ зближува, како и да изгледа, не е ништо друго, освен енергија на душата. Се провлекувала низ многу животи, за да се изрази токму во овој момент, токму во овој однос. Возвишена и великодушна, ја поминува секоја потешкотија и предизвик, ја ублажува болката, создава убавина и се преобразува, во се’ што ќе и’ се најде на патот.

За вистинска љубов ниту еден предизвик не е преголем, за неа не постои преголема раздалечина. Кај душата ја познаваме тајната, дека нашето човечко искуство е учење, благодарение на кое откриваме и се присетуваме дека сме духовни битиа. И затоа, можеме да престанеме да се измачуваме, додека ги освојуваме сите тие нови, невообичаени односи, бидејќи знаеме дека ни ги подготвиле нашите души.

Целта на секој однос, е да ги открие нашите длабочини и да не’ донесат, до сознание дека сите ние сме духовни битија кои живеат човечки животи. Убавината во сето тоа, е преку своите односи да стигнеме на духовно ниво. Додека нашите личности зацелуваат, а болните слоеви отпаѓаат, почнуваме да сфаќаме дека духовниот дел, од нас, никогаш нема да биде во потполност задоволен, ниту со еден човечки однос.

Забележуваме дека секој однос, е чекор напред на патувањето кон тоа задоволство, па можеме да престанеме да се обвинуваме секој пат кога ќе завршиме некој однос. Движејќи се низ своите односи, постепено ќе забележиме, дека кршењето на традиционалните облици, е единствена можност за откривање на сеопфатна вистина- дека сите ние сме, на одреден начин во меѓусебен однос.

Ќе се грееме, на светлината на таа вистина. Нашите души знаат кои сме. Што повеќе стануваме свесни за својата духовна возвишеност, тоа појасно се исчитува тајната на животот, во облик на присутност, која е некако многу посилна, од сите наши односи заедно. Додека се предаваме, да бидеме тие таинствени сили, се чувствуваме стопени, здружени, соединети. Се чувствуваме племенити и потполни.

Моќната сила не не’ повикува назад, во она какви некогаш сме биле, туку напред, во светлоста на нашата душа. Нашите поединечни односи служат, како преубави човечки облици на одговор на тој повик и благо не’ насочуваат кон заедницата на духовните битија кои сите заедно ги создаваме.

Вкупниот број на сите наши изневерени очекувања и горки разочарувања, нашите недовршени разделби и скршени срца, всушност не’ носат на прагот на вистинската љубов. За да бидеме сигурни дека таму ќе стигнеме, душата одредила, дека иднината на нашите односи ќе биде присилен марш, виенски валцер и манастир.

И тоа ќе биде враќањето на љубовта. Нашите души не бараат ништо помалку од потполно сплотување на нашата поединечна свест во морето на Една Возвишена Душа.

Кога конечно ќе стигнеме, ќе се свртиме и ќе видиме дека отсекогаш сме оделе во тој смер, отсекогаш сме станувале нешто преубаво. Љубовта која ги повикува нашите души на потполна искреност, простување, предавање и сочувство, иста е онаа величенствена сила во која сега ќе го искусиме својот мир. Ќе стигнеме, само затоа што се отворивме. И веќе се отвараме. Стануваме жив пример, на таа божествена отвореност.

Иако се’ се крши, ние се отвораме, пуштаме внатре, она што некогаш било надвор, прифаќаме непознато, со едно гушкање, ги опфаќаме сите кои некогаш биле издвоени и исклучени, во пространството на своето срце, ги примаме осамените залутани овци кои биле отфрлени.

Состојбата на битисување нарачена радост. Отварајќи се стануваме благи. Нашите срца се отвараат. Нашето размислување се менува. Нашата опседнатост слабее, а зависностите пополека исчезнуваат. Тоа е полигон, прекрасен процес во кој малку по малку, го напуштаме старото и го пречекуваме новото. Ги отвораме своите срца и во нив примаме уште неколку луѓе, само уште неколку искуства на односи, само уште неколку врсти на односи.

Сфаќаме дека ништо не е погрешно, а нашите срца стануваат толку големи, што границите исчезнуваат, разликите и осудите. Ја препознаваме возвишеноста на таа сеопфатна присност, во која нема странци, само пријатели. Се протегнуваме и на сопствено изненадување, не пукаме. Наместо тоа, растеме.

Одеднаш се’ ни станува полесно, а нашите срца, за кои некогаш сметавме дека можат да сакаат само една личност или биле толку ранети, што мислевме дека никогаш нема да бидат способни да сакаат, се отвараат толку потполно, што во нив е добредојден цел свет.

Во состојба на таква отвореност, сфаќаме дека некогаш сме биле заедно. Се сеќаваме дека постоевме во Универзумот, во неверојатна мекост во која немало ивици, ѕидови, ментални игрици, ниту правила. Во тој неверојатен свет бевме среќни. Се сакавме едни со други. Тоа не било чувство. Тоа било состојба на битисување наречено радост.

Тоа сеопфатно гушкање е иднината на љубовта. Кога доволно се развиваме, конечно ќе стигнеме на местото, на кое срцето може да ја отвори својата врата на се’ и на сите. Нашите души не’ насочувале на тоа патување, а Љубовта е величенствено одредиште, на кое не’ воделе. Сега можеме да почувствуваме радост. Сега конечно можеме да бидеме задоволни. Конечно сме дома.

Од книгата на Daphne Rose – ‘Иднината на љубовта: Моќта на душата во љубовните односи’

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: