Не дозволувајте вашите сопствени уверувања да ви го контролираат животот

Не дозволувајте вашите сопствени уверувања да ви го контролираат животот. Но, внимавајте. Тие уверувања можат да бидат свесни, но многу веројатно и несвесни.

Тие можат да бидат несвесни ограничувања, кои се условени уште од младоста и прифатени во текот на животот, со слушање на оние, кои никогаш не го постигнале својот сон. Препознај ги своите ограничувачки уверувања и направи да бидат потивки.

Не постои ништо што не можеш да направиш, ништо што не можеш да имаш, а Свемирот е сведок, не постои ништо што не можеш да станеш, ако веруваш во себе! Ако сметаш дека се е можно- погоди што- се’ е можно!

Кога ќе го промениш своето уверување од ограничено во неограничено…твојот потенцијал е неограничен.

Замисли што можеш да постигнеш, ако го живееш својот живот како се’ да е можно. Како чудата, да се стандардно барање секој ден. Како што вели изреката: ‘Кога нема непријатели одвнатре, непријателот однадвор не може да ти науди.’

Кога ништо одвнатре не те спречува, нема ништо однадвор што ти смета. Цел живот ќе се смени, во моментот кога ќе одлучиш, да го промениш својот начин на размислување.

Моментот кога ќе одлучиш да видиш се’ како подарок. Кога ќе одлучиш да ја видиш секоја околност и предизвик како благослов, а не проклетство. Кога ќе станеш свесен за фактот, дека се’ е како што треба да биде и дека борбата против тоа е беспотребна.

Извор: svijetpozitive

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: