Од негов агол: Што мажите сакаат повеќе од секс?

Колку пати сте ја слушнале фразата ‘Мажите сакаат само секс’? Со своите 17 год бев сигурен дека тоа е вистина. Кога наполнив 32, почнав да се сомневам во вистината на тоа тврдење. Сега веќе знам дека тоа не е вистина. Не ме сфаќајте погрешно, сексот може да биде прекрасен во било која животна фаза, но постои нешто поважно од сексот, нешто што мажите тешко го признаваат, а жените тешко го даваат.

Сите знаеме дека жените мора да се чувствуваат сакано за да помислат на секс, но на мажите им треба секс за да се чувствуваат сакано. Што мажите точно добиваат покрај сексот? Секако, физичкото задоволство не е спорно, но постои подлабока потреба која сакаат да ја задоволат. Потребата од мирно пристаниште.

Машкиот свет е свет на натпревар, конкуренција. Наједноставно кажано, мажите меѓусебно се натпреваруваат во освојување на атрактивни жени. Мажите превземаат потези, а жените одлучуваат што им е прифатливо. Секако во денешно време тоа се улоги помалку ригидни отколку што биле, но во суштина и понатаму сакаме да се презентираме како доволно добар избор за жената која ја посакуваме. Кога ќе добиеме пристап до нејзиното тело, тоа ни дава чувство на мир и враќање, кое го надминува обично сексуално задоволство.

Репутацијата дека секогаш сакаме секс, дел е од нашата презентација која треба да покаже дека сме доволно мажевни. Но, ние всушност сакаме мирно место во кое можеме да одмориме, каде некој ќе се грижи за нас. Со други зборови, сакаме да почувствуваме дека некој внимава на нас, не’ разгалува, бидејќи ни недостасува тоа чувство од детството. Но, ако тоа го признаеме, нема да бидеме перципирани како силни мажи, туку деца.

Ние сме мажи со сексуални желби и сакаме да се одмориме покрај нејзиното тело, да бидеме какви што сме. Тоа е скриена желба која стои зад онаа ‘мажите сакаат само секс’. Една работа ја обожавам кај својата жена, љубовта која ми ја дава, кога мојата глава ќе се најде во нејзиниот скут. Тоа за мене е прекрасно мирно пристаниште. За тоа чувство не ми треба секс. Само треба да ја замолам за тоа. Во тие моменти сум бескрајно прифатен. Не мора на никој да му се докажувам. Мора само да бидам подготвен да ја покажам својата ранливост. Токму како што на мажите им е тешко тоа да го кажат на глас, многу често и на жените им е тешко да го дадат тој аспект на интимност.

извор: АPortal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: