Оној кој ми вети дека цел живот ќе ме чува, а ниту својот живот не го сочува

Дали ќе ми веруваш ако ти кажам дека можеби не знам се’ за тебе, но дека знам дека има некој на овој свет кој ти недостасува? И да ти кажам искрено сеедно дали ќе помислиш дека сум луд, дека зборувам глупости или дека сум еден од оние кои мислат дека се најпаметни.

Бидејќи, ако ме прашаш, нормално ми е во овој ненормален свет да имаш некој кој го немаш. Нормално ми е да сакаш некој до крајот на животот, а да знаеш дека таков живот повеќе не постои. Нормално ми е да чекаш некој, а да знаеш дека тој некој нема да дојде. Сигурно се прашуваш како тоа сето го знам, без некој нешто да ми каже?

Знам, бидејќи и јас ги немам. А ми недостасува и мене. Некој кој ми вети дека цел живот ќе ме чува, а ниту својот живот не го сочува. Некој кој ми кажа дека ќе се врати брзо и од тогаш времето никогаш поспоро не поминува. Некој чие презиме гордо го чувам, некој кој ме научи да живеам, но не и да преживеам. Знам дека и тебе ти недостасува Онаа која ти даде живот. Жената која по најнежните делови од душата те гушкаше и сепак те сочува. Знам дека ти недостасува и Тој кој ти вети дека ќе те носи до олтарот, со тебе ќе танцува прв на најубавата веселба.

Ти недостасува и Онаа со која вечно се караше околу облеката, а душата најповеќе знаеше да ти ја среди. Оној кој се наслуша за твоите проблеми и ти вети дека ќе бидете до крајот на животот најдобри пријатели. И Онаа со која си вети дека ќе го нашараш пасошот со печати на вашите омилени држави. Ти недостадуваат баба ти и дедо ти, нивните ишарани лица со бори.

И кога сме веќе кај тоа што ми недостасува, нема да се лутиш ако ти кажам дека ми недостасуваат и минатите времиња?

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading