Како да се ракува со машката гордост, нивната најболна точка?

Иако мажите и жените немаат исто мислење за повеќе теми, фактот дека машката гордост е најчувствителен дел од мажите ќе се сложат двата пола. Аналогојата на оваа изјава е дека ако ја изгребате неговата гордост, тогаш можете најлесно да го повредите и поради тоа тешко се опоравува.

Со што мажите се гордеат? Природно се гордее со своите машки вештини, способности, достигнувањата и своите физички карактеристики. Ако било која од овие машки црти е послабо развиена или му недостасува, гордоста ќе го примора тој недостаток да го скрие од светот. Исто така се гордее што е способен водач, заштитник и бранител, но и многу чувствителен ако во тие улоги не е успешен или ако неговиот труд не се почитува. Тој едноставно не може да поднесе неговата мажественост да се потценува и исмејува или кон неа да се однесуваат рамнодишно.

Што и кој ја повредува неговата гордост?

– Од мали нозе. Поткопувањето на гордоста можеби почна уште во рани години. Додека бил момче, со првите знаци на брада и мустаќи се исмејувале неговите сестри или во училиште. Можеби неговите идеи и достигнувања ги омаловажувале родителите, учителите па дури и пријателите.

– Во светот на работата. Сите знаеме колку е денес тешко да се има работа, колку треба труд за да се задржи. Мажите како и жените на работа се носат со разноразни подметнувања, озборувања и неправедни ситуации. Во борба за положба, се добива нож во грбот и се уништува угледот. Сето тоа е удар на гордоста.

– Неговата партнерка. Партнерката или сопругата може да биде таа која со своето потценувачко однесување или рамнодушност ја повредува гордоста. Со оглед дека таа во неговиот живот секојдневно интимно е присутна, нејзиното влијание е многу силно. Таа може да влијае подобро од било кој друг, било во позитивен или негативен смисол. Жената е во моќна позиција, таа може да создаде или да го уништи мажот зависно од тоа како се однесува кон него.

– Физички особини. Немој да го исмејуваш, не покажувај рамнодушност, немој да наметнуваш како не ти се допаѓаат неговите машки атрибути. Не го споредувај со повисоки, посилни или попаметни.

– Вештини и способности. Не ги омаловажувај неговите обиди и способности. Ако на нешто треба да му се укаже направи го тоа нежно, а не со авторитет.

-Машки успеси. Рамнодушноста ќе ја препознае кога зборува за некој свој успех, а ти зеваш, немаш појма што рече, си работиш нешто друго или гледаш ТВ. Пофали го малку, нема поради тоа да се занесува. Машки цели и соништа. Мажите се многу чувствителни во поглед на она што сакаат да направат во иднина. Кога се во прашање цели кои ги постигнал, со нив веќе се гордее. Но, кога се во прашање целите кои треба да се остварат, сигурноста е помала. Му треба твојата верба во него и неговите способности.

-Машки карактерни црти. Избегнувај приговори дека му недостасува одлучност, издржливост и дека е колеблив. Дури и ако му недостасуваат споменатите особини со приговарање нема да ги разбудиш.

извор: ehoroskop.net

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading