Дали критиката или приговорот ви го допира срцето?

Ако подобро се прифатите себеси, лесно ќе ги прифаќате и другите. Однесувајте се кон себеси, онака како што посакувате другите да се однесуваат кон вас, потпрете се на самите себе, токму онака како што посакувате да се потпрете на партнерот.

Кога ќе успеете во тоа, тогаш ќе имате што да им дадете на другите. Тоа е основа на мудроста која вели: ако не се сакаш себеси, не можеш да ги сакаш и другите. Кога не се сакате себеси, тогаш често не се разбирате и склони сте кон самокритика. Се плашите од осаменост и избегнувате да бидете сами, влегувате во врски од погрешни причини или заглавувате во погрешна врска.

Кога себе не се сакате, во љубовниот однос гледате почеток и крај на се’, а посебно на сопствената среќа, па и самиот живот и подготвени сте да се жртвувате себеси и своите потреби заради другите. Кога ќе ја изгубите саканата личност, посебно ако се чувствувате отфрлени, се губите и себе, ако не се сакате.

Дали секоја критика и примедба ви го допира срцето? Ако тоа се случува, тогаш очигледно не сте премногу задоволни сами со себе. Променете некои навики, а и начинот на размислување.

Овие се совети кои ќе ви помогнат, полесно да се прифатите себеси:

1.Сетете се на една или две помали грешки кои ги знаете за себе. Кажете си дека за 10 год нема да постојат повеќе, па сеедно е ако сега постојат. Можеби уште не ви е јасно зошто имате одредени мани, но со време, можеби ќе разберете. Бидете трпеливи со себе. Не престанавте да учите- учиме цел живот.

2. Ако верувате во виша сила, тогаш убедете се себеси, дека таа сила ве сака такви, какви што сте. На сличен начин ве сакаат и родителите. А обидете се и сами. Научете да се разгалите, а да не трошите многу. И покажете си, сами на себе дека се сакате.

3. Помислете на своите карактеристики кои не ги сакате, а не можете да ги промените. Дали во тие карактеристики има нешто што би можеле да засакате? Помислете на некој кој го сакате. Дали го сакате и покрај неговите мани? Зошто не би можеле на тој начин и самите себе, да си дадете нешто љубов?

4. Вежбајте примање на љубов- посакувате вистински да сакате, мора да знаете да примате љубов и да бидете свесни дека ја заслужувате. Прифатете ја љубовта која ви ја даваат блиските луѓе, нивните добри дела, убави зборови, комплименти и подароци.

Вежбајте сами себе да си кажете ‘Те сакам’, сакајте се безусловно и таквата љубов ќе ви го исполни срцето. Вежбајте, да кажете ‘не’ – не се чувствувајте виновни, ако сакате некој да го одбиете или не сте расположени, за нешто што другите го бараат од вас. Работете она што вашето срце сака, а не работете нешто само на другите да им удоволите.

5. Простете- оставете го минатото зад себе и бидете присутни во секој нов ден. Простете си себеси за направените грешки, жалења и пропусти. Време е да тргнете напред.

6. Не се споредувајте со другите- Секој човек е единствено суштество и секој има поинаков талент. Споредувањето со другите, предизвикува негативни емоции, како што е нарушување на самодовербата, депресија, завист и љубомора.

7. Не мора да бидете совршени- Престанете да се критикувате што не сте совршени. Потрудете се да дадете најдобро од себе, а ако не го постигнете совршеното, прифатете дека тоа не значи дека сте доживеале пораз.

Извор: uspesnazena.com

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading