Како да бидете жена која никогаш нема да ја остават?

Понекогаш мажите на жените им се многу таинствени, бидејќи нивните постапки ги збунуваат. ‘Како тие воопшто се вљубуваат?’ -се прашуваат дамите. И ова е прашање потполно оправдано, бидејќи во многу случаи мажите сосем поинаку размислуваат за жените.

Жените по правило сакаат мажите кон нив да се однесуваат како да се единствени. Тоа често значи дека се обидуваат да ги наметнат сопствените чувства, што никако не оди во корист на врската. Затоа ви претставуваме неколку стратегии, кои ќе ви помогнат да станете жена која нема да сакаат да ја остават.

1. Длабока емоционална поврзаност и сензуална женственост. Силната емоционална врска со партнерот помага во градењето на почитување, доверба и сила во вашата врска. Дајте му до знаење како со вас може да се разговара за било што, во било кое време.

2. Партнерите повремено треба да поминуваат време подалеку од саканата личност- тоа е сосем нормално и здраво. Вашите врски ќе бидат прекрасни, но вашиот живот не треба да биде ограничен само на партнерот- треба да одвоите време за запознавање на пријатели и да се занимавате со хоби кои ве интересира. Исто така, поминувајќи слободно време со себе, почнувате да му недостасувате- а тоа само помага да се воспостави рамнотежа во вашата врска.

3. Не се плашете да им посветите време на некои други работи и луѓе. Ако бирате потенцијален партнер, не се држете за првиот маж кој ќе го сретнете. Запознајте и некој друг и размислете кој повеќе ви одговара.

4. Не се врзувајте пребрзо. Ако не сакате бргу да се разочарате, не се врзувајте пребрзо за маж со кој се забавувате. Никако не треба да жртвувате нешто многу значајно, за да го задржите мажот во својот живот со кој се познавате недела или две. Не се обидувајте да го наметнувате своето друштво, со некој кој очигледно не е задоволен со него. Љубовта нема барања, ниту е себична. Пуштете ја да тргне по својот пат и пуштете вашиот партнер да се вљуби во вас, без форсирање на работите.

5. Нека биде маж. Нема ништо лошо во тоа ако му дозволите да биде ‘водач” во вашата врска, без оглед колку порано сте биле независни и самостојни. Направете да се чувствува потребен и корисен, но не претерувајте. Со ова можете да мотивирате многу мажи и да внесете смисла во нивниот живот. Покрај тоа, може да ви користи и вас- животот да ви стане полесен кога знаете дека можете да му верувате

6. Поставете јасни граници и стандарди. Поставете ги своите граници во својата врска. Нека вашиот партнер сфати дека нема да ги толерирате неговите лаги, неверства, разговор со повисок тон, отворена и очигледна недоверба или да речеме, потсмев со вашите идеи и уверувања. Ако вашиот маж знае дека поради иднината сте подготвени да го напуштите минатото, тоа само ќе ја зацврсне врската и вашата љубов ќе ја направи искрена и љубезна. Нема да може да ви одолее.

Генерално жените многу побргу се вљубуваат во мажите отколку тие во нив. Меѓутоа, тоа не значи дека мажите не се способни за љубов, дури иако така понекогаш изгледа. Покажете му љубов и внимание, а истовремено покажете му ги јасните граници. Не бидете престроги кон него. Дајте му време да ви недостасува и воспоставете емоционална врска со него. Сетете се на оваа стратегија и ќе бидете цврсто на патот кон здрава, трајна и квалитетна романтична врска.

извор: uniqorner

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: