Кога бирате некој- бирајте го оној кој може да ве ‘Види’

Кога бирате партнер, бирајте некој кој може да ‘влезе’ во вас. Кој сигурно во се’ не ве разбира, но има потреба да ве разбере. Бирајте некој на кој му се зборува со вас, ама за вас. За вашите соништа. Стравови. За вашето минато. Бирајте некој кој ја забележува вашата насмевка. Детали. Реакции. Некој кој знае да ви биде поддршка. Некој кој е тука. Километри може да биде далеку секој и да остварите добри разговори, но ако не се потруди да ви се приближи, значи дека ниту сака.

Живееме во светот кој е толку оптеретен со тоа ‘како другите не’ гледаат’ а сепак, упорно во партнерските односи бираме луѓе кои ‘не не’ гледаат’. Луѓето никогаш не биле понесреќни, понесредени, никогаш повеќе збунети и никогаш помалку сакани. Ги забележуваме сите можни физички и телесни начини, а сепак како тоа да не го правиме. Во нас се создава потреба да бидеме убави, заносни и сакани и истовремено одразот во огледалото го рефлектира слепиот свет.

Ние играме на љубов. На емоции. На изглед. На свест. На духовност. А толку пати всушност играме на невидено. Во светот во кој никогаш повеќе духовност околу нас, а никогаш помалку таа во нас, па се прашуваме, зошто е така тешко да се пронајде некој?

Најголемиот одраз на духовноста на некое општество се неговите односи. А денес искрено, односите никогаш и не биле полоши. Ние всушност не ја живееме љубовта, ние ја испробуваме. Имаме повеќе обиди отколку успешно формирани односи. Повеќе промашувања од вистински исполнети моменти. Имаме многу избори и никогаш помалку знаење што да одбереме. Многу алати како да постигнеме ‘совршена’ врска, а ние никако не ја постигнуваме.

Многу говорници кои ни зборуваат што треба, а никогаш помалку разговор не сме воделе. Ниту со другите, ниту сами со себе. Ние упиваме се’ и сешто во себе освен она за кое тежнееме- љубов. Не се запознаваме. Се среќаваме на површината на кожата. Набрзина. Класифицирано. Испробано. Ако не оди со ова, ќе оди со она. Ако не оди вака, ќе оди онака. Правиме компромиси кога не треба и не ги правиме кога треба. Се бориме за своите ставови зад кои не стоиме и не се бориме позади она што стоиме. Ние се’ увезуваме. И развозуваме по социјалните мрежи.

Зборуваме како немаме време за губење. Рано ни е. Доцна ни е. Сега ни е. Но, сега не можеме. Па сме фрустрирани. Бидејќи кој ќе ја чека следната година, две, три да запознае некој вреден за запознавање? Ние ги пореметивме нашите природни текови. Не го почитуваме времето за својата осаменост. Одмор. Исцелување. Ако сме ние подготвени, очекуваме и цел свет да е подготвен. Но, сепак не е.

Ние никогаш повеќе не сме работеле на себе, а уште помалку знаеме за себе. За другите. За односите. Ние голтаме. Упиваме. Жвакаме. И исполнуваме. А во себе се распаѓаме заедно со другите. Бидејќи да сме толку духовни, луѓето нема да се изневеруваат. Нема да калкулираат во односите и нема да останат во нив поради математика. Егзистенција. Наметнат морал. Нема секоја страст да ја оправдаат со потреба. Нема така духовно да назадуваат во толку кризи на идентитетот. И ако толку долго се бараат, би требало и да се пронајдат, нели?

А денес не е така. Толку односи се дисфункционални. Составени од лаги. Измами. Добар опус на егзистенција. Привидно совршено. Со недостаток на комуникација. Пресликано. Насликано. И вредно за восхит. Ни недостасуваат допири. Зборови. Разбирања. Блискост. Среќа. Недостасува страст. Револуција. Сила. Борбеност. На крај, хронично ни недостасува се’. Најмногу запознавање. А за нив треба време. А нас како и секогаш хронично ни недостасува. Односите ни се распаѓаат, бидејќи никогаш речиси не сме дале никаква шанса.

И затоа…кога бирате партнер, бирајте некој кој знае да влезе во вас (не само физички). Кој сигурно во се’ не ве разбира, но има потреба да ве разбере. Некој кој знае да биде подршка. Да се потпрете на него. И кој е тука. Со километри може да биде далеку секој и да ви даде убав муабет, но ако не се потруди да ви се приближи, значи дека ниту сака.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: