Не ми треба човек кој се враќа, ми треба некој кој никогаш нема да си замине

Неодамна прочитав цитат: ‘Ако некој се врати, тогаш тој е ваш човек, ако не, тогаш тоа не е судбина’. И си мислев така. Но, ако некој те сака, а ова е судбина, зошто тогаш воопшто заминал?

Одново и одново, некој од моето минато повремено се обидува да се врати во мојот живот. Мажите кои ги запознав пред неколку месеци или дури и година, секогаш одново се појавуваат и бараат друга прилика. Сите беа различни, секој со своја причина поради која се разделивме. Некој не беше подготвен за сериозна врска, со некој времето не беше прикладно или можеби сфати дека не може да ми даде она што ми треба. Можеби се промениле, можеби се сега подготвени. Можеби овој пат се искрени и вистински.

Но, мене не ми е грижа, требаше да ме задржат. Сега воопшто не е важно што велат или прават. Овие мажи беа гости во моето срце, туристи во моето тело, играчи на мојот ум и ми оставија горчлив вкус на усните. Ме оставија со скршено срце, не им беше важно. Ги оставив во минатото и повеќе не сакам да ми се враќаат во мојот живот. Но, им посакувам секое добро, се надевам дека се среќни.

Верувам дека луѓето се менуваат, верувам во втора прилика, но верувам дека кога ќе го пронајдеш својот маж, ништо повеќе нема да те спречи да бидеш со него. Бидејќи кога некој вистински те сака, не си оди.

Сфаќам дека останувањето не е секогаш најлесна одлука. Кога ќе дојде до расправија, несогласување, судир, секогаш е полесно да се оди отколку да се реши проблемот. Можеби е потешко да се остане со мене, но сакам маж кој е подготвен да ги решава проблемите, а не да побегне. Сакам маж кој не заминува кога сум лошо расположена. Сакам некој кој ќе остане со мене дури и кога е тешко да ме сака.

Никој не рече дека е лесно да се сака. Но, ако таква ме сака, ќе сфати дека и јас ќе го сакам таков. И заедно со овој пристап можеме да се носиме со се’. Уморна сум од заминувањата на луѓето. Уморна сум од почетоци. Сакам човек кој останува и гради куќа во моето срце. Кој разбира дека не сум совршена и дека нема да биде едноставно.

Но, ќе се исплати, бидејќи нема да се откажам. И јас ќе го сакам и ќе го почитувам. Никогаш нема да си одам како другите.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: