Дали верувате во ‘трпение-спасение’?

Во светот на инстант решенија, заборавивме на една многу важна доблест, а тоа е трпението.

Секоја важна работа во нашиот живот не може да се случи додека сите коцки не се наместат во мозаикот. Често го молиме Бог и нашето духовно водство за важни работи и ако не се случат кога ние ќе посакаме, престануваме да веруваме, со страв дека Бог не’ заборавил или не’ отфрлил.

Но, Вселената ги чека најповолните услови за да ни подари она што сме посакале.

Остварувањето на големите желби зависи и од нашата вибрација која треба да ја усогласиме со нашата желба. Што тоа значи? Значи, прво треба да веруваме, ако сакаме посакуваното да се оствари, а не обратно.

Ако повеќе размислувате или чувствувате како нема шанси желбата да ви се исполни, тогаш создавате енергетска блокада која ве одвојува од материјализација. Пратете ги своите мисли и нивниот предзнак и менувајте ги негативните мисли и емоции во позитивни- менувајте го фокусот.

И бидете трпеливи. Додека чекате, работете и некои други работи кои се дел од вашиот живот, бидејќи вашето нетрпение само ќе го успори и блокира исполнувањето на желбата.

Долгоочекуваната желба ќе се исполни во вашиот живот во моментот кога најмалку очекувате.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading