5 карактеристики на мажите кои никогаш нема да престанат да сакаат

Лесно е да се биде во врска кога се’ е како подмачкано. Меѓутоа, треба да се биде доволно храбар и да се држите заедно кога ќе загусти. Вистинскиот маж не исчезнува без трага по мала расправија и не се ‘празни’ на својата убава половина кога е нерасположен. Јасно му е колку е врската важна и нема да дозволи било што да му застане на пат.

Тој не ги одбегнува проблемите. Вистински маж многу ретко ќе ги таложи проблемите во себе и ќе чека тие да се наталожат до точка на вриење. Ако нешто во врската му смета, тој на многу внимателен начин ќе каже. Ако е тој виновен за нешто што ја уништува врската, ќе даде се’ од себе тоа да го исправи. Јасно му е дека проблемите не ја дефинираат врската туку начинот на кој заеднички ги решавате и надминувате.

Тој обрнува внимание на мали работи. Нему му е јасно дека од очигледно мали, наивни работи може да се создаде проблем. Неговата цел е истите да ги ‘сече’ во корен и поради тоа примарно обрнува внимание на малите работи.

Тој сака да се чувствуваш добро во својата кожа. Тој мисли дека си убава; инаку, зошто би бил со тебе? Нему му е важно така и да се чувствуваш и токму поради тоа е подготвен да направи се’ што е во негова моќ, да се видиш себе онака како што тој те гледа секој ден.

Тој сериозно ги сфаќа своите грешки. Ако направи нешто што ќе те повреди, треба многу време за да се прости. Многу ретко може со нешто да те скрши, но кога ќе ти згреши, тогаш дава се’ од себе да ја исправи. Тој те познава доволно добро да знае што може да те повреди, но тоа никогаш нема да го направи. Ниту за милион години.

извор: minimagazin.info

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: