Ако некого сакате кажете му-Животот е прекраток за тоа да го држите во себе

Сите се плашиме да сакаме некој, да му ја покажеме сета своја љубов и на крајот да сфатиме дека таа љубов не ни е возвратена. Сите го имаме тој страв од одбивање.

Прво што треба да направиме е да се запрашаме дали таа личност ја сакаме. Не е важно дали се работи само за пријател, некој со кој сте биле во врска или некој нов кој влегува во вашиот живот. Ако нашите чувства навистина се вистинити, треба на таа личност да му дадеме прилика и да признаеме што чувствуваме.

Животот е премногу краток, а жалењето за неизговорените зборови може да биде полошо од одбивањето. Како времето поминува ќе зажалите поради приликите кои не ги искористивте и зборовите кои не ги кажавте на луѓето кои ги сакате, а требаше. Поради тоа, ако некој навистина сакате, кажете како се чувствувате и какви се вашите чувства кон него. Секогаш следете го својот внатрешен глас, но и своето срце.

Се борите за она што сакате бидејќи е тоа единствена работа за која треба да се борите. Грижете се за луѓето кои ги сакате. Не ги лажете, никогаш не ги повредувајте. Дури откога ќе си одат од вашиот живот ќе сфатите колку ви се важни. Не дозволувајте тоа да ви се случи, не дозволувајте им да си одат.

Кажете им дека ги сакате денес, бидејќи утре можеби е предоцна. Не дозволувајте си себеси поради својот страв дека ќе бидете одбиени, да ги изгубите луѓето кои ви се драги и кои имаат посебно место во вашето срце. На таквите луѓе секогаш треба да им дадете до знаење колку навистина ви значат.

Бранка Гаиќ

извор: infopult.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: