Бог не ви го дава оној кој го сакате, туку оној кој ви треба во тој момент

Сите мислиме дека знаеме што е најдобро за нас. Сигурни сте дека животот ќе ви биде идеален, ако дозволуваат животните ситуации. Но, ретко кога работите одат глатко како што ние мислиме. Зошто е тоа така? Зошто толку добри работи не им се случуваат на добрите луѓе, дури и ако не направиле ништо тоа да го заслужат?

Понекогаш толку сакаме нешто или некој, но не можеме да го добиеме. Тоа посебно се случува во љубовта: сакате некој посебен за вас, некој кој единствено може да ве направи среќни. Правите се’ што е потребно, но едноставно не можете да го добиете. Колку и да се трудите, не можете таа личност да ја направите своја.

Добро размислете за времето кое го изгубивте, мислејќи дека е тоа најлошата работа која ви се случила. На сите оние моменти кога сфативте дека тоа раскинување е најдобрата можна работа, бидејќи таа личност е токсична. Сите болни искуства се претворија во драгоцени животни лекции кои ви помогнаа да станете подобри.

Затоа наместо да се молите на Бог да ви ја даде личноста која ја посакувате, молете се за онаа која навистина ви треба, дури и ако не го разбирате тоа. Бог има свој распоред и секогаш знае што е најдобро за вас. Секоја личност во вашиот живот има цел: да ве научи нешто, да ве направи подобри и посилни, да ви помогнат да растете. Запомнете дека во секоја лоша ситуација можете да видите нешто добро. Се’ се случува со причина. Не губете вера и надеж дека ќе го запознаете оној кој ќе биде најдобар за вас.

извор: wwwpult24.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: