Добро сум…среќна сум. Само тебе те немам…друго се’ е таму

Добро сум јас. Фалиш…не многу често…само понекогаш. Најмногу пред да заспијам. Кога креветот е премногу голем…не, јас сум ситна…креветот е ист. Само малку празен,но ист.

Кога ветерот ми ја разубавува косата. Една рака ја скротуваше…ги трагаше прамените коса. Странец со добро познатиот парфем…Одразот во излогот…само мојот лик…кога беа два, насмеани…без причина…Една шоља чај и празен стол…Зборовите на песната…конечно ги научив…но не звучат исто.

Целиот свет собран во една улица…Дождот кој паѓа на стариот прозорец…Клупата во паркот…празна. Снегот кој крцка…без снежни ангелчиња…Мирисот на старите липи…Ноќта која е потемна…попразна. Денот премногу светол…предолго.

Но добро сум јас…фалиш само понекогаш. Кога помислувам како беше…како можеше да биде…Заспивам  да заборавам…а тогаш уште повеќе се сеќавам.Таму живееш…А наутро…ништо не е важно…

Ситници ми мамат насмевки…добро сум…среќна сум. Само тебе те немам…друго се’ е таму.
Росана

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: