Зошто некои жени се согласуваат да бидат љубовници?

Многу афери започнуваат кога една личност е несреќна во врска или некој ќе и’ го привлече вниманието. Сепак, секој има свои причини поради кои изневерува. Некои мажи едноставно не можат да се смират покрај една жена, додека други се емоционално исцрпени, а не можат да ја прекинат врската во која се наоѓаат. Исто така, постојат и оние на кои им е досадно и бараат некоја забава од страна.

Жените кои се нечии љубовници исто така имаат свои причини. На некои, туѓото им е послатко и сакаат она што не можат да го имаат. Додека некои едноставно ќе се вљубат и живеат во заблуда дека на тој маж еден ден ќе му бидат законска и единствена жена. Многу од нив се чувствуваат лошо поради тоа што го прават, но во истиот момент се среќни и уживаат.

Како прво, тие односи се многу страствени и интензивни, бидејќи се’ што мажот прави со својата љубовница не може да го прави со својата жена. Затоа себеси може да си дозволи да експериментира и испробува разни нови работи. Кога жената ќе стане љубовница, таа треба да има на ум дека нејзината врска ќе трае само привремено. Страста која ја чувствуваат еден кон друг е поради тоа што не се гледаат секојдневно и не поминуваат многу време заедно.

Љуновницата ужива во фактот дека некој ја посакува и ја смета за посакувана. И’ годи сознанието дека некој мисли на неа, кој не смее и дека неговото внимание е насочено кон неа. Убаво е кога имате некој чие внимание е насочено кон вас и кој ви дели комплименти кои укажуваат на чувство на уживање. Сепак, постојат и периоди кога љубовницата може да се почувствува искористено, периоди кога сака искрено да разговара за иднината, која во многу случаи е невозможна. Посакува да прави нормални работи кои прават нормалните парови без да мора да се крие.

Тогаш од онаа жена која си ветила себе дека нема да се врзува, станува чувствителна и почнува да сфаќа дека никогаш нема да биде на прво место и секогаш ќе биде втора ако не ја прекине таа афера во која се наоѓа. Да се биде љубовница во почеток е забавно и интензивно, но со време станува болно.

извор: www.pult24.info

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading