Кои животни прилики не треба да ги пропуштите

Често упаѓаме во стапицата на преживување и наоѓаме изговори зошто навистина не живееме. Животот ни отвора многу прилики за остварување на нашите соништа и всушност ни нуди онолку прилики колку што ние ги посакуваме. Еве неколку прилики во животот кои секако не треба да ги пропуштите.

1. Верувајте во својата интуиција. Животот е прекраток, за да чекате. Секој ден е нова прилика да го промените својот живот. Секое големо достигнување почнува со одлука за започнување. Верувајте му на оној мал глас во вас кој ви зборува: ‘Што може да биде, кога ќе се случи’… и тогаш направете го тоа. Дајте си себе фер прилика. Ќе бидете изненадени колку пати тоа ќе успее. И не, не сте обрзани секогаш да успеете. Но, обрзани сте да се обидувате- дајте се’ од себе секој ден и секој ден ќе биде подобро од вчера.

2. Верувајте во своите способности. Во себе имате се’ што ви е потребно да станете најдобра своја верзија. Верувајте дека можете. Верувајте дека сте способни да одите понатаму и да вложите уште повеќе енергија. Верувајте дека сте доволно млади, доволно стари, доволно паметни и доволно силни за постигнување на своите цели. Не дозволете предрасудите да ве застанат во надминување на самите себе. И секако не давајте да застанете поради луѓето кои не се такви.

3. Да го гледате стравот во очи. Често е тешко да се издигнете до најдобар себе, но трагедија е да се дозволи стравот да ве залажува. Веднаш прифатете дека стравот не постои освен во вашата глава. Бидете храбри. Следете ги своите соништа и цели. Не давајте стравот да ви ја украде сегашноста и да одлучува за вашата иднина. Храброста не е отсуство на страв туку сознание како нешто друго е многу поважно од него.

4. Направи чекор напред уште денес. Еден ден вашиот живот во ова тело ќе престане. Простете што сме драматични, но тоа е вистина. Прашајте се: ‘Дали одлучив да живеам токму сега?’ Земете малку време и размислете за тоа. Животот не почнува кога ќе ви се поклопат сите услови. Ова е ваше време. Животот се одвива токму сега. Направете нешто во врска со тоа. Не го трошете животот чекајќи.

5. Ставете ги вашите цели како приоритет. Ако сакате да живеете среќен, исполнет живот, врзете се за замислени цели, не се врзувајте само за луѓе и работи. Никогаш не се откажувајте од нешто што ви е важно. Не затоа што имате утре за да се обидете повторно, туку затоа што можеби нема да имате утре. Овој живот често е пократок отколку што мислиме. Денес нека ви биде важен ден, не дозволете да ви помине. Направете само еден мал чекор дневно.

6. Работете вредно дури и кога ви е тешко. Личниот раст во сите аспекти на животот е спор и постојан процес. Не можете да го забрзате. Потребно е на него да работите пополека секој ден. Има доволно време да бидете она што сакате да бидете во животот..Не прифаќајте помалку од она што мислите дека можете. И покрај борбите со кои ќе се соочите на патот, никогаш не се откажувајте од себе. Вие сте похрабри отколку што верувате, посилни отколку што ви се чини, попаметни отколку што мислите и два пати поспособни отколку што некогаш сте замислиле. Само продолжете понатаму.

7. Одржувајте ги своите стандарди. Да глумите дека љубов и почитување не ви се потребни иако знаете дека се. Да се лажете себе зборувајќи дека е се’ во ред, кога не е. Или да се уверувате себе дека ви се допаѓа работата кога проклето добро знаете дека сте способни за многу подобро. Заклучок- не ги снижувајте своите стандарди од погрешни причини.

8. Да се биде упорен по одбивање или неуспех. Кога нешто нема да ви успее, тоа често значи дека сте насочени на нешто подобро. Бидете трпеливи. Бидете позитивни. И запомнете, без оглед колку грешки ќе направите или како споро напредувате, вие сеуште сте далеку пред оние кои се обидуваат.

9. Потрудете се да владеете со ситуациите. Дури и кога работите одат лошо, земете ја ситуацијата под контрола. Не се опирајте; владејте- тука се наоѓа вашата сила. Ако сте во врска која предизвикува болка, вие одбирате дале ќе бидете во неа. Можеби ќе ве доведе до важен раст или подлабоко разбирање на љубовта. Или можеби не. Без оглед што ќе одбетете, бидете сопственик на својот избор- тоа е место каде што се наоѓа вашата сила.

10. Чувајте ја гордоста. Не дозволувајте еден лош момент да ви го уништи денот. Мислете за тоа како за лоша минута, а не за лош ден и ќе бидете во ред. Стресот почнува кога вашиот попис на грижи ќе биде поголем од пописот на благодарност. Обратно е за среќата. Најдете нешто на што ќе бидете благодарни денес. Ценете го она што го имате. Бидете благодарни на мали работи кои во животот значат многу.

11. Бидете искрено љубезни кон сите. Љубезноста во зборовите создава самодоверба и мотивација. Љубезност во размислувањето создава позитивност и можност. Љубезност во давање создава сила и љубов. Преку љубезност имате можност да направите големи промени во секој живот кој ќе го допрете, вклучувајќи го и својот.

12. Да им се помогне на другите да го подобрат својот живот. Ако ја имате моќта да го промените начинот на кои луѓето размислуваат и чувствуваат, начинот на кој се гледаат себе и го тумачат светот, значи дека можете да го промените начинот на кој ги живеат своите животи и како влијаат на другите. Тоа е најтрајната работа која можете да ја направите.

извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: