Машко е – виновен е! А ти си, да погодам, апсолутна светица?

Секако постојат лоши мажи, всушност лоши луѓе, па и покрај тоа можеме фино да заклучиме дека постојат и лоши жени. Банализирам, но секогаш е полесно вината да се префрли на оној другиот. И вистина е дека многу почесто тоа го прават жените. За што всушност најмногу го обвинуваш?

Да тргнеме од претпоставката дека тој многу ја зафркнал ‘работата’ и дека го уништил вашиот однос, но како е можно да е виновен за апсолутно се’? Зарем тој бил во сите сфери на твојот живот па се’ успеа да расипе или тебе светот ти се врти околу него? Лично ме нервираат девојки кои секогаш некој дечко им е виновен за сите глупости во животот. Можат отворено да критизираат бидејќи и јас сум жена. И јас сакав и страдав, се заљубив до уши и страшно се разочарував. Па пробав со други, но, дури ниту тоа не одеше и тогаш се’ пуштив, се свртив кон себе и ниту во еден момент не ги обвинував нив за лошите работи кои ми се случуваа. Зошто?

Имаа и тие свои глупости многу често. Сами си го комплицираме животот, сами можеме да го претвориме во бајка. Апсолутно се’ од нас зависи. Затоа не ми се јасни жените на кои им треба маж за да ги води низ животот, но и да можат да го обвинуваат за се’, ако врската или бракот пропаднат. Не ми се јасни бидејќи не научија да се сакаат себеси и да ја најдат својата среќа без него, својот успех без него.

Вистина е тоа дека во принцип жените сакаат да бидат понежен пол. Разгалени, кои сакаат некој друг да се грижи за нив и некој да можат да го обвинуваат. Сакаат да бидат страдалнички и не сакаат некој кој не им дава, да царуваат на тој страдалнички престол.

А на мажите по природа им припаѓа улогата на кретен, мачо мен кој ќе зафркне нешто, кој се’ ќе упропасти, улога на негативец. Но, зошто? Кога добро ќе размислам за сите познанства во животот, сфаќам дека жените во мојот живот 99,9% случаеви се апсолутни кучки, лажливки, измамнички кои ладно ми удриле нож во грб кога тоа им одговарало. Толку за пријателствата. Мажите се друга приказна, без оглед дали ми се пријатели или бивши љубови, сите беа луѓе на место и со сите бев добро, ниту еден маж пријател не изгубив, секој и понатаму е дел од мојот живот и добредојден на мојот праг. Ниту еден не ме излагал, ниту го ставил нашето пријателство на коцка, ниту еден не ме предаде за она што ќе го кажам во доверба. Мажите се подобри пријатели. Се веселат на успехот на луѓето кои ги сакаат, поддржуваат, раме за плачење. Постабилни се, а некогаш и многу емотивни и полни со жар.

Затоа не сакам стетеотипи. Тие денес не се интересни, немаат врска со вистинскиот свет. Мажите повеќе не се ловци, нив ги ловат, изгубени во емотивниот пекол на жените кои ќе ги уловат. И да се виновни или не, на крајот сепак се виновни. И тоа само што на крајот полесно се снаоѓаат, тоа им е во гените, нема да плачат поради истуреното млеко. А жената страдалница, неа најлесно и’ е да плаче. И да обвинува. Фрустрирана и огорчена жена сепак на крајот најмногу ќе се повреди сама себе, а за тоа не е свесна. Мажите се исто така само луѓе од крв и месо, не се чудовишта, испратени на земјата, за нас жените да ни го загорчат животот. И ние сме полни со мани, а најголема мана е тоа што не сме подготвени да ги признаеме своите грешки. И се додека е така и се додека на себе не работиме, не можеме да очекуваме дека нешто ќе штима. Како некој друг да сака она што ние самите не го сакаме?

М.М.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: