Потсетник-кога жената ќе го изгуби компасот

Еднаш беше на животна раскрсница. Успеа да го надминеш очајот поради се’ што пропушти во младоста, поради времето кое нема да се врати, поради грешките и глупостите поради кои нема со задоволство да се сеќаваш на еден период во животот. Се соочи со разни луѓе, ситуации и стравови.

Храбро се избори со сите загуби кои те затекнаа..Ги губеше членовите на своето семејство, блиски пријатели, илузии, идеали, години, книги, љубов… Не дозволи на тагите да те скршат, да те искорнат од коренот и со првиот ветер, да те фрлат кој знае каде. Кога беше најслаба, омалаксана, измачена, на граница на лудилото, бараше во себе сила. Знаеше дека ја имаш, закопана некаде длабоко во себе, но никогаш порано не се обиде да ја најдеш.

Си ги призна сите оние победи за кои беше убедена дека не можеш да ги извојуваш. Некогаш губеше, некогаш добиваше битки, неретко и склопуваше мир. Се задржа себе и покрај се’ и вера, надеж и љубов. Во себе, другите луѓе и Бог кој сеуште го откриваш. Остана светилник на средината на морето, цврста, јака, со светло кое деноноќно трепери и на бродовите им го покажува патот. Тргна во нов живот сигурна во себе, повнимателна, посилна и помудра.

И пак направи грешка. Премногу си веруваше себеси, заборавајќи на сопствено неискуство во љубовта. Заборави на внимание и принцип на чекање, работите да дојдат на свое место. Да ги пуштиш некое време да се одвиваат сами од себе, а ти да ги пратиш и да извлекуваш од се’ она најдобро за тебе. Пак избрза. Непромислено тргна кон уште еден амбис. Погрешно избра. Лошо процени. Џабе сега правдање дека требаше да ја слушаш својата интуиција. Премногу со неа се гордееш. А, можеби само погрешно ја протумачи?

Ќе те прашаат еднаш како можеше по толку борба да постигнеш хармонија во својот живот, да упаднеш во иста замка на сопствената глупост и лудост? Како можеше да избереш некој кој не ја гледа убавината на твојата душа во занесениот поглед на твоите раширени очи, кој не го препознава твоето искрено срце и чиста љубов, кој не ги разбира твоите желби и сомнежи и стравови? Кој ќе ти биде раме за плачење кога се’ ќе ти се собере и ќе почнеш да пукаш одвнатре? На кој ќе му раскажеш се’ за твојот нов живот, а да не почувствуваш срам што не си сакана и отфрлена иако не е твоја вина? Дали ќе можеш да тргнеш повторно по истиот пат, да најдеш иста сила и волја да продолжиш таму каде што науми? Понекогаш лесно го губиме правецот и тогаш, по илјада маки, повторно ќе се најдеме или засекогаш го губиме компасот. Сети се само дека не смееш да губиш време. Тоа тече, заминува.. Донеси најдобра одлука и истрај. Направи се’ од почеток. Кажи си себе дека е крај на секој животен период, всушност крај на еден живот и уште утре тргни во нов.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: