Што се случува кога во врската ‘пеперутките’ ќе исчезнат?

Веќе 5 год сум во врска. Секој ден на социјалните мрежи читам статии дека ако си веќе со човекот на твојот живот, значи постојано имаш ‘пеперутки’ во стомакот. Многу луѓе веруваат дека љубовта е вистинска ако…. секој пат кога таа личност ќе влезе во просторијата, срцето побргу чука, ако секоја вечер се галите, поминувате време во кревет гушнати секоја ноќ. Но, не е баш така.

Штом почнете да живеете заедно, пеперутките исчезнуваат. Срцето повеќе не ви се забрзува секој пат кога ќе го видите него. Наместо тоа, се’ се смирува. Кога сте во иста просторија со него, се чувствувате смирено и сигурно. Кога се галите со него, вашето срце споро чука, а звукот на неговото дишење ве теши и ве заспива. Повеќе не сте на рингишпилот на чувства, туку сте дома. Не спиете повеќе гушнати така силно и цела ноќ. Наместо тоа спиете удобно еден покрај друг, многу често свртени од спротивната страна. Сепак, секоја вечер се фаќате себе како се гнездите блиску до неговата рака или му ја галите косата додека спие. Има ноќи кога мојот сонлив маж низ сон ќе ми подаде рака кон мојата страна од креветот или само ќе ме привлече кон себе.

Јас сум сега неговата утеха, сигурност и мир. Во рана зора, кога цел свет е уморен и поспан, се вгнездувам на неговите гради, го вдишувам неговиот мирис пред повторно да одлетам во сон. Бакнежите не се повеќе така страствени и романтични како некогаш. Но, сега се повеќе. Тоа се поспани утрински бакнежи кои ве будат подобро од сите аларми. Дали има подобар начин да се започне ден од бакнеж. Па, бакнежи за добра ноќ. Кратки бакнежи на улица. Кога се’ околу вас е забрзано и гласно, само гушкате повеќе, се барате еден со друг.

Кога ја цените својата слобода, но и нему му давате слобода и простор, заедно да сте слободни еден со друг и кога ви е најубаво ако сте еден покрај друг и се’ надминувате со долго гушкање. Разменувате меѓусебно поглед на чудење, негодување, воодушевување во јавност- имате ваш мал свет наспроти оној надвор.

Врската не е бајка. Не е огномет и фанфари. Барем тоа престанува да биде по почетокот. Наместо тоа, врската е тивок ритам на љубов и грижа. Таа не е оган која пржи во твојата душа, туку пламен кој те грее додека си удобно сместен и тонеш во сон.

И јас те сакам.

извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: