Бевме кратка бајка која ќе ја прочитам уште илјада пати

Пред да те запознам, не знаев дека можам да се заљубам само во два дена, не знаев дека твоите допири ќе траат неколку часови, а ќе ми останат уште долго во срцето. Не’ раздвои далечината од месеци и километри и тие два дена се претворија во кратка приказна која ја прочитав илјада пати.

Нашата приказна е создадена од стварност, погледи разменети на полноќ. Тоа е приказна составена од она што еден на друг си кажавме за неколку часа, она што почнавме да чувствуваме. Кратка приказна во која ми се покажа себе. И покрај времето кое помина, никогаш не заборавив дека за момент беше мој соучесник, личност на која можам да му верувам, ме подржа и разбра во моментот кога никој друг тоа не го направи, ме потсети што значи да се смееш, што значи да плачеш и што значи да чувствуваш, ме научи дека мора да бидам своја.

Ми ги отвори очите за свет кој од тој момент го видов само од надворешна перспектива, свет за кој тие за мене го дизајнираа, но со кои немав никаква врска. Се борев со силата која ми ја даде, дури и кога повеќе не беше покрај мене. Ти напишав илјада приказни, кои ги нацртавме со суштината на моите соништа, ја намаливме далечината која не’ раздвојува, продолжувајќи да зборуваме и да се смееме, спречувајќи океани да не’ разделат.

Што научив од тебе? За два дена може многу да се научи, многу чувства на едно место. За два дена научив од тебе дека мора да бидеме сигурни дека живееме живот каков што посакуваме, не размислувајќи за тоа што другите сакаат и дека ако ги отвориме очите и добро погледнеме, ќе видиме многу работи и многу луѓе кои понекогаш, не можеме да ги видиме. Ме научи што е задоволство, што е смеа, што е силно гушкање, што значи да се има некој кој вистински те почитува. Ме научи да разберам што сакам и пред се’, се’ што не сакам.

Сега знам дека нема да бидеме заедно, не моментално, не знам што ќе се случи во иднина, ако најдеме заедничко место и време за да можеме повторно да се гушнеме и во кое нашите очи ќе се разберат без потреба да проговорат ниту еден збор. Кога ќе те видам, секогаш ќе се сеќавам на приказната за нашите два дена поминати заедно и она што не успеавме никогаш еден на друг да си го кажеме.

Секогаш ќе се сеќавам на твојата последна реченица, дека ‘ова не е последен пат’, пред океанот да не’ раздвои повеќе отколку што мислевме. Океанот на времето кој ја растопи нашата бајка, нашите гушкања и нашиот изглед, меѓу своите бранови сочинети од денови и часови поминати без тебе. Често се прашувам дали е тоа бајка која засекогаш е завршена, а моето срце не сака да ја прифати, бидејќи не е можно случајноста да ме донесе до тебе.

извор: https://lamenteemeravigliosa.it/una-favola-che-rileggero-mille-volte

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: