Верувај во Бог…и никогаш нема да ти биде страв

Кога е тешко и не знаете како понатаму, нека ве охрабрат зборовите на египетската писателка Ranie Naam. Верувајте дека се’ е во ред, бидејќи се’ е во Негови раце.. Ти го одзема само она што може уште повеќе да ти го скрши срцето. Ако веруваш во Бог, никогаш нема да се плашиш бидејќи знаеш дека таа негова светлина ќе те води во најмрачните ноќи. Знаеш дека таа негова мудрост ќе ти помогне кога си изгубена. Знаеш дека неговиот пат можеби не е наједноставен, но е најдобар. Тоа е единствен пат кој ќе те заштити од она што може да те кочи и единствен пат кој ќе те заштити од она што може да ти наштети.

Ако веруваш во Бог, ќе сфатиш дека не можеш да изгубиш никој и ништо. Бог со причина ти одзел некоја работа или личност. Таа знае дека нешто ја исполнило својата смисла. Гласниците кои ти ги пратил, го пренесоа потребното знаење. Твоите грешки те направија посилна личност. Болката низ која поминуваше те приближи до Него. Никогаш не губиш, бидејќи Бог зема само она што може да ти наштети. Го зема она што уште повеќе ти го скрши срцето.

Кога ќе стане потешко, тоа е подготовка за нешто поголемо. Ако му веруваш на Бог, никогаш нема да изгубиш надеж. Дури и тогаш кога сиот свет се распаѓа. Дури и тогаш кога чувствуваш дека ништо не ти оди од рака. Дури и тогаш кога се чувствуваш напуштено. Бог е секогаш со тебе. Кога затвора толку врати во исто време, Бог всушност создава простор за нешто поголемо. Ти зборува дека мора да го промениш смерот во кој одиш, а тој во животот ќе то внесе промена.

Научив дека многу работи ќе те наведат да помислиш дека Бог не е праведен, но ако се свртиш на некои моменти, ќе видиш всушност дека те приготвувал за нешто подобро. Секој пат кога животот станувал потежок, Тој те подготвувал за нешто што подоцна ќе го направи полесен. Ако веруваш во Бог, никогаш нема да се сомневаш во Него. Секогаш ќе имаш верба, дури и тогаш кога нема да разбереш. Ќе веруваш во неговото време, дури и да поминат многу години, а ти повеќе не можеш да чекаш.

Во срцето секогаш ќе знаеш дека не си подготвена за она што бараш. Добиваме само тогаш кога тоа знаеме да го почитуваме и сакаме. Ќе сфатиш дека Универзумот работи во твоја корист, а не против тебе кога не ти дава секогаш она што сакаш. Ти дава она што ти треба во моментот кога тоа ќе можеш да цениш и сакаш. Во моментот кога тоа нема да го земеш здраво за готово. Во моментот кога ќе бидеш слободна од своето болно минато и кога ќе молиш од вистински причини.

Ако веруваш во Бог, ќе бидеш среќна. Среќата нема да ти биде недостижна. Нема да биде нешто по кое треба да трчаш. Нема да биде нешто за кое ќе мора да се бориш. Едноставно ќе бидеш задоволна и среќна со неговите планови. Ќе бидеш среќна што не мора да се грижиш за ништо поради кое ќе веруваш во неговата милост и сила. Ќе бидеш среќна кога ќе престанеш толку да се врзуваш за живот и ќе почнеш да се врзуваш за Бог, бидејќи кога Тој е на твојата страна, нема повеќе причини за страв. Никогаш нема да бидеш сама. Никогаш нема да бидеш жалосна.

извор: alternativainformacije

One thought on “Верувај во Бог…и никогаш нема да ти биде страв

Add yours

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: