Како да се замине?

Во налет на бес, го избришав неговиот број. Ги избришав сите пораки. Одлучив дека е доста од необврзан однос, чекање на трошка љубов и залажување дека тој ќе се смени. Очигледно, оваа моја драма неколку пати се повторува. Но, овој пат, навистина треба да се соочам со прашањата, како да се замине и како да се изборам со недостасувањето?

Прво, нема да се бориш, бидејќи она против кое се бориме, станува наша преокупација. Нема да смислуваш 1000 начини некој да преболиш, давајќи му уште поголемо значење на својата болка. Така ќе ја прифатиш ситуацијата во која се наоѓаш, а тогаш, ден по ден, ќе правиш работи кои те прават среќна, онолку колку што имаш сила за тоа.

Не преку тоа и не во онаа мера во која другите те убедуваат дека треба. Ќе плачеш кога ти се плаче, ќе зборуваш за него тогаш кога ти се зборува за него и на крајот на краиштата, ќе пратиш порака која себеси си ја браниш, ако почувствуваш дека желбата е поголема од разумот. И што ако не го добиеш одговорот кој го посакуваш?

Повторно ќе плачеш кога ти се плаче, можеби малку повеќе инает ќе се собере во тебе, па ќе тргнеш во теретана или нешто што инаку ќе го направиш ‘утре’. А можеби и после се’ повторно ќе одиш да го видиш, на негов повик. И тоа е во ред. Се’ додека тебе ти е во ред. Не на другите. Не нему. Тебе.

Одиш еден чекор напред, два назад, тапкање во место. Но се движиш и тоа е важно. Не се откаживај. И можеби, само можеби, после тоа, ќе почувствуваш дека ти е доста. Дека си уморна. Дека тој што го идеализираше во својата глава и не е толку совршен.

Но сега немаш потреба да го бришеш бројот… Не, научи да не се бориш против него, сега навистина чувствуваш дека ти е доволно и одиш мирно понатаму, без оној добропознат грч во стомакот и стравот дека никогаш повеќе така нема да сакаш. Сега, искрено сама кон себе, сфаќаш дека тој и не ти треба баш толку. Одиш редовно во теретана, не за да се бориш против некој. Сега одиш поради себе, бидејќи ти годи. Мирна си додека читаш книга, бидејќи не чекаш порака да ти стигне, дека е во ред на неа да одговориш, но нема, бидејќи не сакаш. Бидејќи немаш потреба да одговориш. Исто така, ако почувствуваш потреба ти да пратиш порака, знаеш дека е во ред, но токму поради тоа нема да ја пратиш. Или можеби ќе го направиш тоа. Сеедно.

Ништо не мора и се’ смееш, бидејќи тоа е твој живот и ти носиш одлуки. И така, одеднаш поминуваат часови, а на него не помислуваш. А потоа и денови. Не се бориш. Стануваш природно окупирана со некои други работи и некои нови луѓе. Го живееш својот живот. Не за инает за него, туку од љубов кон себе. Не те интересира ниту каде е, ниту што прави. Си замина и не го сакаш назад.

И запомни, не дозволувај другите да ти одредуваат колку смееш да бидеш тажна, колку е во ред да плачеш, колку пораки смееш да пратиш и колку пати можеш да му се вратиш. Не функционираме сите на ист начин, а оние кои најмногу ќе ти судат за моралот, често се тие кои твоите ‘грешки’ и самите ги повторуваат најмногу пати, само што за тоа молчат. Своите граници ги поставуваш сама. Сама ќе знаеш кога е доста.

извор: Lola

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: