Нема да го заштитиш своето срце со глумење дека го немаш

Своето срце не можеш да го замрзнеш. Не можеш да ги исклучиш чувствата како светилка. Не можеш да бидеш бесчувствителна кукла каква што посакуваш. Најдобро што можеш е да се однесуваш како да немаш чувства, но животот нема да ти биде полесен. Нема да го заштитиш своето срце претворајќи се дека го немаш.

1. Себеси не можеш да се лажеш. Можеш да лажеш дека не ги поднесуваш мажите и дека бракот е обична фарса. Но, длабоко во себе, ти ја знаеш вистината.

2. Нема замена за љубов. Таблетите нема да ја отупат болката во срцето ниту испиената боца. Сите оние пораки во телефонот или ‘лајкови’ можат некое време да те држат, но на крајот на вечерта повторно ќе се чувствуваш осамено. Ниту една чаша не е доволно голема, ниту една таблета доволно силна, ниту еден страв доволен изговор, да заменат чувство на вистинска љубов.

3. Не може само врската да те повреди. Дури и ако се заколна дека е готово со врзување и понатаму можеш да почувствуваш болка на скршеното срце. Без оглед на се’, ќе се сретнеш со мажи, а тоа значи дека одеднаш можеш да се заљубиш во сосед или најдобар пријател. Можеш да бегаш од љубовта, но не можеш да се скриеш.

4. Да бидеш ладна не значи исто што и да немаш срце. Твоето срце е повредено. Не сакаш тоа повторно да го почувствуваш. И затоа ништо не чувствуваш кога маж ќе ти додели комплимент, ќе те повика на дејт или ќе ти ја допре раката. Но тоа не значи дека немаш повеќе срце.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: