Како да се преживее игнорирањето?

Игнорирањето е начин на кој луѓето комуницираат со вас. Во смисла ‘не те гледам, не си ми важен. А тоа околу што се грижиш, тоа не е моја работа. И ајде потруди се да дознаеш што се случило и зошто молчам.’

Игнорирањето може да биде различно. Најчесто е тоа ‘погрешно’ искажан бес. Од некои причини, во нашата култура е нормално да се молчи, отколку отворено да се каже дека нешто не ви се допаѓа. Но сега за тоа не зборуваме. Овде зборуваме за тоа што да се прави ако ве игнорираат, а тоа ве боли. Обично боли кога саканата личност ве занемари- партнер, сопруг-а, брат, мајка. Не реагирате на странец кој поминува- го пуштате да ве игнорира.

Но, работата е поинаква кога се во прашање блиски луѓе. Што да се прави со тоа чувство на беспомошност и ладно? Прво. Мора да сфатите колку тоа често се случува и како се чувствувате. Ако тоа често се случува и чувствувате вина- честитаме! Успеале да ве изманипулираат. Од таа вина најверојатно се обидувате да направите нешто корисно, секако не за себе. Тоа може да биде не само вина, туку болка, чувство на напуштеност. Се чини дека од вас се наѕира дел кој лесно може да се повлече, а вие сте подготвени да правите она што ќутливиот сака.

Второ. Во моментот кога ќе ве преплави болката наспроти игнорирањето, речете си себе: ‘Мојот живот не зависи од ова’. Нека ве боли, само вдишете и изговорете неколку пати: ‘Мојот живот не зависи од ова’. Потеклото на оваа болка лежи во раното детство, кога некој близок ве игнорирал, мајка, татко, баба. Некој од кого во вашиот ум, зависел вашиот опстанок. Сега – кога сте веќе возрасна личност, не мора да зависите од никој друг, ниту од мајка, сопруг или некој друг близок. Не ја сузбивајте болката, научете да ја прекинете.

Трето. Кога бранот од болка ќе се повлече- одете и направете го своето. Без размислувања, зошто ве навредиле. Треба да почнете да правите нешто што во потполност ќе го окупира вашето внимание и она што ви дава сила. Некое хоби, прошетка или некој филм.

Четврто. Кога ќе помине неколку дена, со ‘ладна’ глава поставете си неколку прашања: Дали таа личност ми е толку блиска што и понатаму треба да комуницирам со неа? Ако е блиска, дали можам да ја разјаснам таа ситуација? Ако личноста е блиска и ако ви значи многу, обидете се од нив да добиете директен одговор зошто ве игнорираат, во што е проблемот. Ако личноста не ви е важна, едноставно не обрнувајте внимание. Игнорирањето се случува често, дури и помеѓу навистина блиски и разбрани луѓе. Бидејќи сите сме луѓе и секој ќе се навреди од време на време.

извор: zen.yandex.ru

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading