Знак дека во вашиот однос нема љубов ниту во трагови

Постoи знак кој јасно зборува дека нема љубов. Ниту љубов, ниту пријателство, ниту симпатија. Иако сето тоа може да се оправда, да се гледа поинаку, дури и пред нас самите. Но, ако тоа се случува, нема љубов. Понекогаш постои скриена омраза, која ја криеме сами од себе. Тоа е кога луѓето удираат по болните места.

А сите ние понекогаш удираме: со зборови и постапки. Не станува збор за физичко удирање. Во расправии кои сите ги имаме и низ кои поминуваме може да се кажат многу навредливи работи. Тие од нас излегуваат како оган од емоции. Но, оној кој вистински не’ сака не удира во слабата точка во нашиот стомак, во соларниот плексус. Оној кој сака, никогаш нема да праќа отровни стрели во нашите најболни и најранливи места. Удари кои болат. Ако некој болно страда поради својот физички недостаток, најблискиот добро го знае тоа. Бидејќи оној кој тоа го дели со него, бара всушност подршка и заштита.

Знаеме што значи кога од личноста на која и’ се доверуваш, добиваш на пример:’ Лоши изгледаш, дебел си, одвратно! – ако така ни зборува, намерно удира во нашата слаба точка. Ако знае за финансискиот неуспех со која другата страна тешко се носи, ако е зависна од помошта и присилена да ги користи ресурсите на партнерот, тогаш удира по болните места. Знаејќи за таа болка- тие ќе провоцираат кај нас да предизвикаат страдање. Ако знаат за нашата пречувствителност- ќе не’ донесат до солзи, а тогаш ќе не’ наречат плачливи и хистерични.

Од секоја приказна од минатото ќе извлечат она што личноста може да ја повреди. А потоа можат да се извинат, бидејќи зошто не? Напад па извинување, проверена тактика на манипулатор. Многумина ќе наседнат, бидејќи на секој од нас дури и лошите односи понекогаш ни се потребни и корисни. И навистина треба да се прости.

Треба да се прости поради себе, но такви лоши удари не треба да се заборават. Тоа е маркер, знак на недостаток на љубов. Сигнал на омраза. Скриени, притаени дури и од самиот себе, желба вистински да страдаме, желба за убивање на нашата нутрина. Намерно уништување на психата на другата личност. Затоа што намерно удираат во болното место, за да предизвикаат најголемо страдање и на крајот ќе ја уништат личноста, нејзината самодоверба, нејзиниот карактер, нејзината срж. Тоа е намерно уништување на другиот.

Поради тоа не треба да се негуваат илузии. Намерата е јасна. Во такви ситуации, кога нема кај да одиме, да се тргнеме од таквите луѓе, за да се сочува својата енергија. Треба да се научи да се избегнуваат расправиите се’ додека не најдеме начин како да се оддалечиме. Треба да научиме да ги препознаеме тие луѓе и да не влегуваме со нив во односи. Треба да се научи да се чува, за себе. Не се опуштајте премногу со непознати луѓе, чувајте се себеси, не влегувајте во односи набрзина, не верувајте во зборови туку во дела, бидејќи ниските удари не се љубов. Ниту пријателство. Ниту однос. Тоа е мачење и омраза кои ви нанесуваат болка, а подоцна само лажно ќе се извинат.

Ана Кирјанова

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: